← Isaiah (20/66) → |
1. | Во годината, кога Тартан дојде во Азот, бидејки беше пратен од асирскиот цар Саргон и војуваше против Азот и го презеде, - |
2. | во исто тоа време Господ Му кажа на Исаија, Амасовиот син, вака: "Оди и симни го врекиштето од бедрата свои и собуј ги обувките од нозете свои." Така и направи: одеше гол и бос. |
3. | Тогаш рече Господ: "Како што слугата Мој Исаија оди гол и бос три години, како знак и означување кон Египет и Етиопија, - |
4. | така асирскиот цар ке поведе заробеници од Етиопија, млади и стари, голи и боси и со разголени бедра, за срам на Египет. |
5. | Тогаш ке се вxашат и засрамат поради Етиопја, нивната надеж, и поради Египет, со кој се фалеа. |
6. | И во тој ден жителите ке речат за онаа земја: "Ете какви биле оние, на кои се надевавме и при кој прибегнавме за помош, за да се спасиме од асирскиот цар! И како сакавме да се спасиме?" |
← Isaiah (20/66) → |