← Isaiah (2/66) → |
1. | Слово, откриено во видението на Амосовиот син Исаија, за Јудеја и Ерусалим. |
2. | И ете, во последните дни гората на домот Господов ке биде поставена на врвот од планините и ке се возвиси над ридовите, ке појдат кон неа сите народи. |
3. | Kе тргнат многу народи и ке речат: "Дојдете, да се искачиме на гората Господова, во домот на Бога Јаковов; Он ке не научи на Своите патишта, и ке одиме по патеките Негови; зашто од Сион ке излезе законот, и од Ерусалим - словото Господово." |
4. | И ке им суди Он на народите и ке изобличи многу племиња; ке ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои - во српови: народ против народ нема да крене меч и нема поеке да се учат на војна. |
5. | О, доме Јаковов! Дојдете, ке одиме во Господовата светлина. |
6. | Но Ти го отфрли Својот народ, домот Јаковов, зашто тие примија многу од источните зла и маесници си имаат како Филистејците, и општат со синови на ту инци. |
7. | Се исполни земјата негова со злато и сребро, богатствата крај немаат; се исполни земјата негова со коњи, колите негови број немаат. |
8. | Се исполни земјата негова со идоли: тие се поклонуваат на изработка од своите раце, на она што нивните прсти го направиле. |
9. | Си поклонува ли човек, и се понижува ли маж - не простувај им. |
10. | Влези во карпата и сокриј се во земјата од страв пред Господа и од славата на Неговото величие. |
11. | Ничкум ке паднат гордите погледи човечки, и она, што е високо кај лу ето, ке се понизи; а само Господ ке стои високо во тој ден. |
12. | Зашто иде денот на Господа Саваот против се што е гордо и надуено и против се што е превознесено, - и тоа ке биде понизено, - |
13. | против сите кедри ливански, високи и величествени, и против сите дабови васански, |
14. | против сите високи гори и против сите ритчиња што се издигаат, |
15. | против секоја висока кула и против секоја цврста sидина, |
16. | против сите тарсиски кораби и против сите нивни украси. |
17. | И ке падне човечкото величие, она што е високо кај лу ето ке се понизи; само Господ ке стои високо во тој ден, |
18. | а идолите сосема ке исчезнат. |
19. | И ке влезат лу ето во карпести пештери и во земни јами од страв пред Господа и од славата на неговото величие, кога ке се крене Он да ја разруши земјата. |
20. | Во тој ден човекот ке ги фрли своите сребрени и своите златни идоли, што ги направил за да им се клања, |
21. | за да влезе во камени процепи и во планински долови од страв пред Господа и од славата на Неговото величие, кога ке се крене Он да ја разруши земјата. |
22. | Престанете да се надевате на човек, чие дишење е во ноздрите негови, зашто - што знае тој? |
← Isaiah (2/66) → |