← Isaiah (19/66) → |
1. | Пророштвото за Египет. Ете, Господ ке седне на лесен облак и ке дојде во Египет. И пред лицето Негово ке затреперат идолите египетски, а срцето на Египет ке се стопи во него. |
2. | Kе вооружам Египтјани против Египтјани, - и ке се бијат брат против брат и пријател против пријател, град со град, царство со царство. |
3. | Духот на Египет ке изнемошти во него, ке ги разруши намерите негови, - и ке прибегнат тие кон идоли и ма есници, кон оние што повикуваат мртовци и кон бајачи. |
4. | Kе ги предадам Египтјаните во рацете на жесток владетел, свиреп цар ке владее над нив, - вели Господ, Господ Саваот. |
5. | И водите во морето ке исчезнат, реката ке секне и ке пресуши; |
6. | реките ке намалат, каналите египетски ке станам малуводни и ке се исушат; рогозината и трската ке овенат. |
7. | Нивите крај реката, по бреговите на реката, и се што е посеано крај реката - ке се исуши, ке биде развеано и ке исчезне. |
8. | И ке заплачат рибари, ке викаат сите што фрлаат јадици во реката, што поставуваат мрежа во водата, сите ке бидат очаени; |
9. | ке се вознемират оние, што обработуваат лен и што ткаат бели платна; |
10. | мрежите ке бидат скинати, и сите што држат рибници за жива риба - ке паднат со духот. |
11. | Да! Се избезумија кнезовите танесови; советот на мудрите фараонови советници стана безумен. Како ке му кажете на Фараонот: "Јас сум син на мудреците, син на древните цареви?" |
12. | Каде се тие? Каде се твоите мудреци? Нека ти кажат тие сега; нека дознаат што определил Господ Саваот за Египет? |
13. | Се избезумија кнезовите танесови; се измамија кнезовите мемфиски, го свртија Египет од патот на водачите на неговите племиња. |
14. | Господ спроведе во него зашеметен дух, - го доведоа Египет во заблуда во сите негови дела, како пијан кога поврака. |
15. | И нема да има во Египет такво дело, кое би можеле да го извршат главата и опашката, палмата и трската. |
16. | Во овој ден Египтјаните ке бидат како жени; ке затреперат и ке се уплашат од движење на раката на Господа Саваот, што Он ке ја крене против нив. |
17. | Земјата Јудина ке стане ужас за Египет, кој се секава не неа, тој ке затрепери од решението на Господа Саваот, што го определил Он за него. |
18. | Во оној ден пет града во Египетската земја ке говорат на ханански јазик, и ке се колнат во Господа Саваот; едниот ке се нарече град на сонцето. |
19. | Во оној ден ке има жртвеник на Господа среде Египетската земја и споменик на Господа - во нејзините предели. |
20. | Тој ке биде знак и сведоштво за Господа Саваот во Египетската земја, зашто тие ке викаат кон Господа од потисниците, и Он ке им донесе спасител и застапник, и ке ги спаси. |
21. | И Господ сам ке се јави во Египет; во тој ден Египтјаните ке Го познаат Господа и ке принесат жртви и дарови, ке Му дадат верувања на Господа и ке ги исполнат. |
22. | И ке го порази Господ Египет - ке го порази и ке го исцели: тие ке се обрнат кон Господа - и Он ке ги чуе и ке ги исцели. |
23. | Во тој ден ке има широк пат од Египет до Асирија; и Асур ке доа а во Египет и Египтјани во Асирија; и Египтјани заедно со Асиријците ке Му служат на Господа. |
24. | Во оној ден Израилот ке биде трет со Египет и со Асирија; благослов ке има на земјата, |
25. | која Господ Саваот ке ја благослови, велејки: "Благословен да е Мојот народ - Египтјаните делото на рацете Мои - Асиријците, и наследството Мое - Израилот. |
← Isaiah (19/66) → |