← Isaiah (18/66) → |
1. | Тешко и е на земјата, која се осенчува со криља од онаа страна на етиопските реки, |
2. | која испрака гласници по море и рогозени чунови по водите! Одете, брзи гласници, при народ јак и бодар, при народ страшен од почетокот до денес, при народ здрав и кој се победува, чија земја реки ја пресечуваат. |
3. | Сите вие, што ја населувате вселената и живеете на земјата, гледајте кога ке се крене знаме на планините, кога ке затруби трубата! |
4. | Зашто, така ми рече Господ: Јас гледам спокојно од Своето живеалиште, како светла жега - по дожд, како облак роса - при жетвен припек. |
5. | Зашто пред гроздобер, кога грозјето ке прецути, и гроздот ке почне да узрева, Он ке ги исече со сорче прачките и ке ги одземе, и ке ги искастри фиданките. |
6. | Kе стават се на грабливите планински птици и на полските sверови: и птици ке летаат таму, а полските sверови таму ке зимуваат. |
7. | Во она време ке биде принесен дар на Господа Саваот од народ јак и бодар, од народ страшен од почетокот до денес, од народ здрав што гази друг народ, чија земја реки ја пресечуваат, - кај местото, каде што е името на Господа Саваот врз гората Сион. |
← Isaiah (18/66) → |