← Isaiah (17/66) → |
1. | Пророштворо за Дамаск - ете, Дамаск се исклучува од бројот на градовите и ке биде куп од урнатини. |
2. | Градовите Ароирски ке бидат напуштени, - ке останат за стадата, што ке си почиваат таму и нема да има кој да ги плаши. |
3. | Неме да има повеке Ефремова тврдина, ни дамаско царство и остатокот од Сирија; со нив ке стане исто, што стана со славата на синовите Израилеви, вели Господ Саваот. |
4. | Во оној ден ке се намали славата на Јакова, и полното тело негово ке ослабне. |
5. | Исто онака ке биде по собраното живо од жетварот, кога раката негова ке ги ожнее класовите и кога ке ги соберат класовите во Рефаимската долина. |
6. | И ке останат во него, како што станува при тресење маслинки, две - три зрна да остана на самиот врв или четири - пет на плодните гранки, вели Господ, Бог Израилев. |
7. | Во оној ден ке го сврти човек погледот свој кон својот Создател, очите негови ке бидат управени кон Светецот Израилев; |
8. | и нема да сврти очи кон жртвениците, дело на рацете свои; нема да го погледне она што го направиле прстите негови, идолите на Астарта и Ваал. |
9. | Во оној ден утврдените негови градови ке бидат како урнатини во гори и по планински врвови, оставени пред синовите Израилеви и се ке биде пусто. |
10. | Зашто ти Го заборави Бога на твоето спасение, не се секаваше на карпата на твоето засолниште; затоа ти си уредил градини за веселби и си насадил прачки во ту и лозја. |
11. | Во денот, кога садеше, ти се грижеше насаденото да расте, и посеаното од тебе да цути; но во денот кога ке собираш, ке нема куп жетва, туку голема жалост. |
12. | О, шум од многу народи! Шумат тие како што шуми морето. Викање на племиња! Викаат тие како што рикаат бујните води. |
13. | Викаат народите како што рикаат бујните води; но Он ги заплаши, - и тие избегаа далеку; беа разгонети како плева по планините од ветар и како прав од виор. |
14. | Вечерта - и ете ти ужас, но пред утрото веке го нема. Таков е делот на нашите грабачи, жребот за нашите разрушители. |
← Isaiah (17/66) → |