← Isaiah (16/66) → |
1. | Испракајте јагниња за владетелот на земјата, испракајте од Села во пустињата кон планинатана керката Сионова; |
2. | зашто керките на Моав при Арнонските бродови ке бидат слични на птица скитница, исфрлена од гнездото. |
3. | "Свикајте совет, донеси решение; засенчи не со сенката своја среде пладне како ноке, прикриј ги истераните, не ги предавај скитниците. |
4. | Нека поживеат кај тебе моите истерани Моавци; биди им закрила од грабачи: зашто угнетувачот - нема да го пуштам; грабежот ке престане, потисниците ке исчезнат од земјата. |
5. | И престолот ке се утврди со милост, и на него ке седне со верност, во Давидовиот шатор, судија, кој бара правда и се стреми кон правосудие." |
6. | "Сме слушале за Господа на Моав, прекумерна гордост, за неговата надуеност и високомерност и за неговото беснеење: неискрен е зборот негов." |
7. | Затоа Моав ке заплаче за Моав, - сите ке плачат: ридиштата за тврдините за Крихарешет: тие се наполно разурнати. |
8. | Есевонските полиња се исушија, како и севаимското лозје; големците на народите ги истребија најдобрите лозја, кои достигнаа до Језер, се простираа по пустињата; ластарите се ширеа, преминуваат од онаа страна на морето. |
9. | Поради тоа јас ке плачам за лозјата севаимски со плачот на Јазера, ке ги облевам со солзите свои, Есевоне, и Елеало; зашто по твојот гроздобер и по твојата жетва нема повеке шумна радост. |
10. | Исчезна од плодоносната земја радоста и веселбата, по лозјата не пеат ниту се радуваат; лозарот не гмечи грозје во садови: Јас ги прекратив веселбите. |
11. | Затоа мојата внатрешност стенка по Моав како гусле, а срцето мое за Кирхарешет. |
12. | Но и да се јави Моав и до умор да оди по идолските светилишта, и да дојде при светилиштето свое, да се моли, пак ништо нема да му помогне. |
13. | Тоа е словото, кое Господ одамна го беше искажал за Моава. |
14. | А сега вака вели Господ: "По три години, сметајки наемнички години, величието на Моав ке биде понизено со сето големо множество негово, а остатокот ке биде многу мал и незначаен." |
← Isaiah (16/66) → |