← Isaiah (15/66) → |
1. | Пророштвото за Моав. Така! Ноке ке биде разорен Ар - Моав и уништен; така! Ноке ке биде разорен Кир - Моав и уништен! |
2. | Тој се искачува во храмот девонски за да плаче на височина; Моав липа над Невон и Медев; сите тие се со истрижени глави, сите со избричени бради. |
3. | По улиците негови се препашуваат со врекишта; по покривите негови и плоштадите сите плачат, во солзи тонат. |
4. | Пишти Есевон и Елеала; гласот нивни се слуша дури до Јаца; по нив и војниците на Моав плачат, душата му се бранува во него. |
5. | Плаче моето срце за Моав; бегаат од него кон Сигор, до третата Егла; се искачуваат со плачење на Лухит; по хоронаимскиот пат креваат страшен вик; |
6. | зашто водите на Нимрим пресекнаа, ливадите се исушија, тревата изгоре, зеленило не остана; |
7. | затоа тие го пренесуваат од онаа страна на Арабиската река остатоците од имотот и она, што го собрале. |
8. | Оти писокот се разнесува по сите предели на Моав, плачот негов стигнува дури до Еглаим, плачот негов стигнува до Беер - Елим; |
9. | бидејки водите на Димон се наполнија со крв, и Јас ке испратам врз Димон уште нешто ново, - лавови врз избеганите од Моав и против другите во земјата. |
← Isaiah (15/66) → |