← Isaiah (14/66) → |
1. | "Блиску е времето негово, нема да задоцнат дните негови; зашто Господ ке го помилува Јакова и пак ке го засака Израилот; ке ги насели во земјата нивна, ке се присоединат кон нив ту инци и ке се прилепат кон домот Јаковов. |
2. | Kе ги земат народите и ке ги одведат на местото нивно; домот Израилев ке ги присвои на земјата Господова како робови и робинки, ке ги земе во плен своите пленители и ке владее над своите угнетувачи. |
3. | Во оној ден, кога Господ те оттргна од скрбта твоја, од стравот и од тешкото ропство, под кое беше заробен, |
4. | ти ке запееш победничка песна против вавилонскиот цар и ке речеш: како исчезна мачителот и прекина тиранијата! |
5. | Господ го скрши жезлото на нечесните, скиптарот на владетелите, |
6. | кој јаросно ги поразуваше народите со бескрајни удари, гневно владееше над племињата свои со незадржливо прогонување. |
7. | Целата земја здивна, почива, воскликнува од радост; |
8. | и кипарисите се радуваат за тебе и кедрите ливански, велејки: откако заспа ти, никој не доа а да не сече. |
9. | Пеколот адски се раздвижи заради Тебе, за да Те пречека при Твоето влегување; со Тебе се разбудија сите водачи на земјата; изместувајки ги сите цареви незнабожечки од престолите нивни. |
10. | Сите тие ке ти говорат: и ти стана безсилен како нас! И ти стана сличен на нас. |
11. | Гордоста ти е симната во пеколот, со сиот твој шум; под тебе има гнилеж за постилка, а црви се твојата покривка. |
12. | Како падна ти од небото, Денице, сине на зората! Се разби од земјата ти, кој ги угнетуваше народите. |
13. | А во срцето свое си велеше: "Kе се искачам на небото, ке го издигнам престолот свој погоре од Божјите sвезди и ке седнам на гората во соборот на боговите, на крајот од северот; |
14. | ке се искачем до висините на облаците, ке бидам сличен на Севишниот. |
15. | Но ти си соборен во пеколот, во дното на адот. |
16. | Оние што ке те видат, ке се загледадат во тебе, ке си речат за тебе: тое ли е човекот, што земјата ја разнишуваше и царства потресуваше, |
17. | вселенеата во пустиња ја претвори и ги разрушуваше градовите нејзини, робовите не ги пушташе по домовите нивни? |
18. | Сите царства на народите, сите почиваат со чест, секој во својата гробница; |
19. | а ти си фрлен надвор од гробот како отпадок, како облека на убиени, на погубени со меч, што ги спуштаат во камени гробници, - како изгазен труп, |
20. | нема да се соединиш со нив во гробот; зашто ти ја разори земјата своја, го уби народот свој: племето на злодејците засекогаш нема да се спомне. |
21. | Гответе клање за синовите негови поради беззаконието на таткото нивни, за да не востанат и да не завладеат со земјата и да не ја наполнат вселената со непријатели. |
22. | "И ке станам против нив, вели Господ Саваот, и ке ги истребам името на Вавилон и целиот остаток - и син, и внук, вели Господ. |
23. | И ке ги направам ежово владение и кал, ке го изметам со истребувачка метла, вели Господ Саваот. |
24. | Со клетва вели Господ Саваот: "Како што намислив, така и ке биде; како што решив, така и ке стане, |
25. | за да го погубам Асура во Мојата земја и да го изгонам од Моите гори; ке падне од нив јаремот негов, и товарот ке се симне од рамењата нивни." |
26. | Такво е решението, определено за целата земја, и еве ја раката, протегната врз сите народи; |
27. | зашто Господ Саваот решил, и кој може да го измени тоа? Раката Негова е протегната, - и кој ке ја врати? |
28. | Во годината, кога умре царот Ахаз, имаше вакво пророчко слово: |
29. | ‘Немој да се радуваш, земјо Филистејска, дека е скршен жезалот, кој те поразуваше, зашто од змискиот корен ке излезе отровница и плодот нејзин ке биде змеј што лета. |
30. | Тогаш најбедните ке бидат нахранети, немокните ке си почиваат во безопасност; а твојот корен со глад ке го уморам, и тоа ке го убие твојот остаток. |
31. | Ридајте, порти, викај граде, на глас! Kе се раздробиш ти, цела земјо Филистејска; зашто од север иде дим, нема изморен во нивните војски. |
32. | А што ке соопштат известувачите народни? - Тоа дека Господ го утврдил Сион, и дека во него ке најдат засолниште сиромасите од народот Негов. |
← Isaiah (14/66) → |