← Isaiah (13/66) → |
1. | Пророштво за Вавилон, што го изрече Исаија, синот Амосов. |
2. | Кренете знаме на гола планина, издигнете глас, мавнете им со рака да навлезат низ кнезовските порти. |
3. | Јас им дадов повелба на Моите избраници и ги повикав да го исполнат гневот Мој моите јунаци, кои се радуваат на величието Мое. |
4. | Голем шум има по планините, како божем од многуброен народ, бунтовен шум на царства и народи, собрани заедно, Господ Саваот ја прегледува готовата војска за војна. |
5. | Идат од далечна страна, од крајот на небото, Господ и орудијата на Неговиот гнев, за да ја сотрат целата земја. |
6. | Липајте, зашто денот Господов е близу, - иде како разурнувачка сила од Семокниот. |
7. | Затоа рацете на сите отпаднаа, срцето на секој човек се стопи. |
8. | Тие се ужасија, грчеви и болки ги опфатија; се мачат како родилка, зашеметени гледаат едни во други, лицата им пламнаа. |
9. | Ете, денот Господов доа а лут, со гнев и пламната јарост, за да ја претвори земјата во пустиња и да ги истреби од неа грешниците нејзини. |
10. | Sвездите небески и светилата нема да даваат од себеси светлина; сонцето се замрачува при изгревањето свое; и месечината не свети со светлината своја. |
11. | Јас ке го казнам светот за злото, и нечесните - за нивните беззаконија; ке го премавнам високоумството на гордите и ке ја понизам надуеноста на угнетувачите; |
12. | ке направам така, што лу ето да бидат поскапи од чисто злато, а мажите - поскапи од офирско злато. |
13. | Затоа ке го затресам небото, земјата ке се помести од местото свое поради јароста на Господа Саваот, во денот на пламнатиот гнев Негов. |
14. | Тогаш секој како подгонета срца и како напуштени овци ке се обрне кон народот свој, секој ке избега во земјата своја. |
15. | На кого ке му се падне, ке биде пронизан; и кого ке го фатат, ке загине од меч. |
16. | Новороденчињата нивни ке бидат смачкани пред очите нивни; куките нивни ке бидат разграбени, и жените нивни обесчестени. |
17. | Ете, Јас ке ги кренам против нив Мидјаните, кои не го ценат среброто и не лакомат за злато. |
18. | Нивни лакови ке ги поразат младите и нема да сожалат ни плод во утроба; очите нивни нема да се смилуваат на децата. |
19. | И Вавилон, украсот на царствата, гордоста на Халдејците, ке биде соборен од Бога, како Содом и Гомор, |
20. | нема да се насели никогаш, во него нема да има жители од род во род; нема Арабиец да го распне шаторот свој, овчари таму со стадата свои нема да пладнуваат. |
21. | Но во него ке живеат sверови; бувови ке се населат во нивните домови, и бесови ке потскокнуваат и ке играат. |
22. | Шакали ке вијат во дворците нивни и хиени во домовите за веселба. А ке дојде неговото време, близу е, деновите негови нема да задоцнат." |
← Isaiah (13/66) → |