← Isaiah (11/66) → |
1. | И ке потера фиданка од Јесеевата пењушка, и стебло ке израсне од нејзиниот корен; |
2. | ке почива врз Него Дух Господов, дух на премудрост и разум, дух на совет и крепост, дух на знаење и благочестивост; |
3. | ке се исполни со страв Господов, ке суди, не според тоа како што очите Негови гледаат; и ке ги решава делата, не според тоа како што ушите Негови слушаат. |
4. | Он ке им суди на сиромасите по правда, и делата на страдалците во земјата ке ги решава според вистината; со зборот од устата Своја ке ја порази земјата, со дишењето на устата Своја ке го убие нечесниот. |
5. | Појас на половината Негова ке биде правдата, а појас на бедрата Негови - вистината. |
6. | Тогаш волк ке живее со јагне, леопардот ке лежи заедно со јаре; теле, лавче и вол ке бидат заедно, и мало дете ке ги води. |
7. | Крава ке пасе со мечка, нивните млади ке лежат заедно; лавот ке јаде слама како волот. |
8. | Новороденче ке игра над змиина дупка, дете ке протега рака кон змиино гнездо. |
9. | Нема да прават зло и штета по целата Моја света гора, зашто земјата ке биде полна со познавање на Господа, како што водите го полнат морето. |
10. | Во оној ден кон Јесеевиот корен, кој ке стане како знаме на народите, ке се обрнат незнабошците, мирот негов ке му биде слава. |
11. | Тогаш Господ пак ке ја крене раката Своја, за да Си го врати остатокот од народот Свој, - она што остана во Асирија, и во Египет, и во Патрос, и во Хус, и во Елам, и во Сенар, и во Емат, и островите морски. |
12. | И ке крене знаме кон незнабошците и ке ги собере прогонетити Израилци; расеаните Јудејци ке ги повика од четирите земни краишта. |
13. | Kе се прекрати зависта Ефремова; кои непријателствуваат против Јуда, ке бидат истребени, Ефрем нема да му завидува на Јуда, а Јуда нема да го притеснува Ефрема. |
14. | И ке полетаат врз плеките на Филистејците кон запад, ке ги ограбат сите деца на Исток; ке стават рака врз Едом и Моав, и децата Амонови ке им бидат поданици. |
15. | Kе го исуши Господ заливот на Египетското Море, ке ја протегне раката Своја врз реката преку силниот Свој ветар и ке ја разбие на седум ракави, така што со обувки да можат да ги минуваат. |
16. | Тогаш за остатокот од Неговиот народ, кој ке остане во Асура, ке има широк пат, како што беше тоа за Израилот кога излегуваше од Египетската земја. |
← Isaiah (11/66) → |