| Isaiah (1/66) → |
| 1. | Видение на Исаија, синот Амосов, кое го виде за Јудеја и Ерусалим, во деновите на јудејските цареви Озија, Јоатам, Ахаз и Езекија. |
| 2. | Чујте, небеса, и слушај, земјо, зашто Господ вели: "Јас воспитав и подигнав синови, а тие се побунија против Мене. |
| 3. | Волот го познава стопанот свој, и оселот - јаслите на господарот свој, а Израилот не Ме познава, Мојот народ не разбира." |
| 4. | Ах, народе грешен, народ претрупан со беззаконија, племе за злодејци и синови погубни! Го оставивте Господа, Го презревте Светецот Израилев, - се вративте назад. |
| 5. | Каде уште да ве бијат вас, кои се уште се противставувате? Целата глава ви е во рани, и целото срце ви е изнемоштено. |
| 6. | Од главата до петите нема во тој народ здраво место, сињаци, гнојни рани, нечистени, непреврзани и неомекнати со елеј. |
| 7. | Замјата ви е опуштошена, градовите ви се изгорени со оган; нивите ваши пред ваши очи ту инци ги јадат; и пустош е, како што запустуваат ту инци. |
| 8. | Остана керката Сионова како колиба во лозје, како сеница во градина, како опсаден град. |
| 9. | Да не беше ни оставил Господ Саваот мал остаток, ке бевме исто така како Содом, ке заприлегавме на Гомор. |
| 10. | Чујте го словото Господово, кнезови содомски, вслушајте се во законот на нашиот Бог, народе гоморски! |
| 11. | "Зашто ми се многуте ваши жртви - вели Господ. Презаситен сум од сепаленици на овни и од маснотија на згоен добиток; крв од телињата, од јагниња и јариња не сакам. |
| 12. | Кога доа ате да се јавите пред лицето Мое, кој ви бара да ги газите дворовите Мои? |
| 13. | Не принесувајте веке суетни жртви; кадењето е одвратно за Мене; новомесечија, саботи и празнични собранија не можам да трпам: беззаконие - и празнувања...? |
| 14. | Душата Моја ги мрази вашите новомесечија и вашите празници: тие се товар за мене, тешки Ми е да ги носам. |
| 15. | И кога протегате раце, Јас ги кријам од вас очите Свои, а кога ги умножувам молбите свои, Јас не слушам: рацете ваши се полни со крв. |
| 16. | Измијте се, исчиетете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите зло; |
| 17. | научете се да правите добро, барајте правда, спасувајте угнетен, заштитувајте сирак, застапувајте се за вдовица." |
| 18. | Тогаш дојдете и ке се пресуди, вели Господ. Гревовите ваши да се и како бакам, - како снег ке ги побелам; да бидат црвени и како пурпур, - како волна ке станат бели. |
| 19. | Ако Го барате и послушата, ке ги јадете добрата земни; |
| 20. | ако, пак, не сакате и се противставувате, меч ке ве истреби, тоа го рече устата Господова. |
| 21. | Како правичниот верен град Сион стана блудница? Во него царуваше правда, а сега престојуваат убијци. |
| 22. | Среброто ти стана како згура, виното ти е со вода помешано; |
| 23. | твоите кнезови се престапници на законот и соучесници на крадци; сите тие сакаат подароци и лакомат за награда; не заштитуваат сирак, и поплака на вдовица не стигнува до нив. |
| 24. | Затоа вели Господ, Господ Саваот, Силниот Израилев: "О, ке ја истурам јароста на противниците Свои и ке им се одмаздам на непријателите Свои! |
| 25. | и ке ја свртам против тебе раката Своја и како во пепелница ке ја исчистам од тебе смешата и ке ги одделам од тебе се што е оловно; |
| 26. | и пак ке поставам судии, како порано, и советници како отпрвин; тогаш ке говорат за тебе: град на правда, верна престолнина! |
| 27. | Сион ке се спаси преку праведен суд, и обратените негови - преку правдата; |
| 28. | за сите отстапници и грешници - погибел, а оние, што го оставиле Господа, ке бидат истребени. |
| 29. | Тие ке бидат посрамени заради младите шуми, толку многу сакани од вас, ке црвенеат од срам заради градините што сте си ги избрале; |
| 30. | зашто вие ке бидете како дабот, чиј листа паднал и како градина, во која нема вода. |
| 31. | И силниот ке биде отпадок, а делото негово искра; ке горат заедно, - и никој нема да ги угасне." |
| Isaiah (1/66) → |