← Hosea (9/14) → |
1. | Не радувај се, Израиле, со преголема веселба како другите народи, оти блудствуваш, откако отстапи од својот Бог - и ги милуваш даровите од блуд по сите житни гумна. |
2. | Гумното и кацата нема да ги нахранат, а виното ке ги измами. |
3. | Тие нема веке да живеат во земјата Господова: Ефрем ке се врати во Египет и во Асирија ке јадат нечисто. |
4. | Нема да вршат преливи со вино за Господа, и неугодни ке Му бидат жртвите нивни; тие ке им бидат како леб на нажалени: по сите што ке го јадат, ке се осквернуваат, оти нивниот леб е само за душите нивни, а во домот Господов тој нема да се внесе. |
5. | Што ке правиш во деновите на собирите и во деновите на празникот Господен? |
6. | Оти сите ке си заминат поради запустувањето; Египет ке ги прибере, Мемфис ке ги погребе; нивните сребрени драгоцености коприви ке ги прекријат, во шаторите нивни ке има трнливи грмушки. |
7. | Дојдоа деновите на твојата казна, дојдоа деновите за отплата. Нека разбере Израилот дека е глупав престкажувачот, безумен е оној што изјавува оти е вдахновен, поради многуте беззаконија и големата омраза. |
8. | Ефрем е на стража до мојот Бог; пророкот е како мрежа за лов на птици по сите негови патишта; има соблазна во домот на неговиот Бог. |
9. | Многу ниско падна, останаа развратени како во деновите на Гива; но Он ке се присети за нивните беззаконија, ке ги казни за нивните гревови. |
10. | Како грозје во пустиња го најдов Израилот; како чувар на ран плод на смоква, ги видов Јас татковците нивни, но тие отидоа кај Ваалфегор и се оддадоа на срамни работи, па и самите станаа нечисти како оние, што ги беа засакале. |
11. | Славата на Ефрема ке одлета како птица; нема да има при нив ни ра ање, ни бременост, ниту зачнување. |
12. | Па макар и да одгледале деца свои, Јас ке ги одземам; оти тешко ним, кога ке се оттргнам од нив. |
13. | Ефрем, како што го видов Јас до Тир, се поставил на убаво место; но Ефрем ке ги изведе децата свои при убиец. |
14. | Дај им, Господи, а што да им дадеш? Дај им утроба, што не ра а, и - суви гради. |
15. | Сето зло им е во Галгал; таму ги замразив Јас поради нивните лоши дела; ке ги изгонам од Мојот дом, нема повеке да ги сакам; сите нивни кнезови се отстапници. |
16. | Поразен е Ефрем; се исуши коренот нивни - нема да принесуваат плод; ако и да родат, Јас ке го умртвам нивниот сакан плод во утробата нивна. |
17. | Kе ги отфрли Бог, оти тие не Го послушаа, па затоа ке бидат скитници ме у народите. |
← Hosea (9/14) → |