← Hosea (8/14) → |
1. | Стави ја трубата на уста! Непријателот како орел ке налета на Домот Господов, оти тие го нарушија заветот Мој и го престапија законот Мој. |
2. | Kе викаат кон Мене: "Боже мој, ние Те познаваме; ние сме Израилот." |
3. | Израил го отфрли доброто; затоа непријател ке го гони. |
4. | Си поставаа цареви свои, без Мене; си избираа кнезови, пак без Мене; од среброто свое и од златото свое направија идоли: оттаму е погибелта. |
5. | Те остави тебе телето твое, Самаријо; се распали гневот Мој против нив; до кога ли не ке можат да се исчистат оние што се во Израилот? |
6. | И него уметник го направил, тоа не е бог; затоа те мамеше телето твое, Самаријо. |
7. | Бидејки сееја ветар, бура ке пожнеат; житни стебленца со корен тој не ке има; зрното нема да даде брашно; ако, пак, и даде, ту инци ке го изедат. |
8. | Проголтан е Израилот; ме у народите сега е како негоден сад. |
9. | Тие отидоа при Асирецот како див осел, кој самотно скита; Ефрем со подароци придобиваше благонаклоност спрема себеси. |
10. | Па, иако пракаше дарови на народите, наскоро Јас ке ги соберам, и тие ке почнат да страдаат од царот и кнезовите; |
11. | оти Ефрем изгради многу жртвеници за грев - за грев и му послужија тие исти жртвеници. |
12. | Му напишав важни закони, но тој ги сметаше за ту и. |
13. | Во жртвените приноси Мене Ми принесуваат месо и го јадат; на Господа тие не му се угодни; сега Он ке се присети за нивното бесчестие и ке ги казни за гревовите нивни; тие ке се вратат во Египет. |
14. | Израил го заборави Создателот свој и си изгради идолски светилишта, а и Јуда изгради многу утврдени градови; но Јас ке испратам оган врз градовите негови - и тој ке му ги проголта дворците негови. |
← Hosea (8/14) → |