← Hosea (7/14) → |
1. | Додека го лекував Израилот, се откри неправдата на Ефрема и злодејанието на Самарија, оти тие лажат, и крадец се замешал, и разбојник граби по улиците. |
2. | И не помислуваат во срцето свое дека Јас ги помнам сите нивни беззаконија; а сега ги обиколуваат нивните дела; пред лицето Мое се. |
3. | Со злодејанија го веселат царот свој и со лагите свои - кнезовите. |
4. | Од прељубодејство тие сите горат како печка вжарена од лебарот, кој престанува да ја угорува, штом ке го замеси тестото, и тоа скисне. |
5. | "Денот е на царот наш!" - велат кнезовите, разгорени до болест од вино, а тој ја протега раката своја кон подбивачите. |
6. | Оти со сплетките свои тие го прават срцето свое слично на печка: лебарот нивни спие цела нок, а утрината таа гори како вжарена печка. |
7. | Тие сите се распалени како фурна и си ги голтаат судиите свои; нивните цареви па аат и никој од нив не вика кон Мене. |
8. | Ефрем се смешал со народите, и станал како пита непревртена. |
9. | Ту инци му ја одземаат силата негова, но тој не забележува, косата му побелела, а тој не знае. |
10. | И гордоста на Израилот е понизена во очите нивни - и покрај сето тоа не се обрнаа кон Господа, својот Бог, и не го побараа. |
11. | А Ефрем стана како глупав гулаб - без срце: ги повикуваат Египтјаните, одат во Асирија. |
12. | Каде и да појдат, Јас ке ја фрлам мрежата Своја врз нив; како птици небески ке ги кутнам; ке ги казнам, како што беше речено во нивното собрание. |
13. | Тешко нив, оти отстапија од Мене; погибел за нив, зашто се одметнаа од Мене. Јас ги спасував, а тие изрекуваа лага против Мене. |
14. | А не повикаа кон Мене од се срце, кога пискаа по леглата свои; ридаа на своите постели заради леб и вино, а од Мене отстапуваат. |
15. | Јас ги вразумував и ги утврдував мишките нивни, а тие замислија зло против Мене. |
16. | Тие се свртуваа, но не кон Севишниот. |
← Hosea (7/14) → |