← Hosea (6/14) → |
1. | Во болката своја тие од рано утро ке Ме бараат и ке велат: да одиме и да се вратиме кон Господа, зашто Он ке не рани, и Он ке не исцели, ке не порази - и ке ни ги преврзе раните наши; |
2. | ке не оживее за два дена, а во третиот ке не подигне, и ние ке живееме пред лицето Негово. |
3. | И така, сега да се стремиме да Го познаеме Господа; појавата Негова е како утрена зора, и Он ке дојде при нас како дожд; како доцен и ран дожд ке ја наполни земјата. |
4. | Што да ти направам, Ефреме? Што да ти направам, Јудо? Чесноста ваша е како утрена магла и како роса што брзо исчезнува. |
5. | Затоа Јас ги поразив преку пророците и ги биев со зборови од устата Своја, и судот Мој е како светлина што ке изгрева. |
6. | Оти Јас сакам повеке милост, а не жртва, и познавање на Бога, отколку жртва сепаленица. |
7. | А тие, како Адам, го нарушија заветот, и таму Ме изневерија. |
8. | Галад е град на беззаконици, испрскан со крв. |
9. | Како разбојници го дочекуваат човека така, здружени свештеници убиваат по патот за Сихем и вршат лоши работи. |
10. | Во домот Израилев гледам ужасни работи; таму Ефрем блудствува, Израилот се извалка. |
11. | И за тебе, Јудо, е определена жетва кога ке го повратам од ропството Мојот народ. |
← Hosea (6/14) → |