← Hosea (5/14) → |
1. | Чујте го ова свештеници, и внимавај ти, доме Израилев, и приклони го увото, доме царев, оти вам ке ви се суди, зашто бевте замка во Масифа и оптегната мрежа во Тавор. |
2. | Длабоко потонаа во расипаност, но Јас ке ги казнам сите нив. |
3. | Ефрема Јас го познавам, но и Израилот не е сокриен од мене; оти и ти блудствуваш, Ефреме, а ти, Израиле, се оскверни. |
4. | Делата нивни не ги оставаат да се обрнат кон својот Бог, оти блудството нивно, е внатре во нив, па затоа и Господа не Го познаваат. |
5. | И гордоста на Израилот е понизена во очите нивни; затоа и Израил и Ефрем ке паднат поради беззаконијата свои; а ке паде и Јуда со нив. |
6. | Со овците свои и со воловите свои ке тргнат да Го бараат Господа и нема да Го најдат; Он се оттргнал од нив. |
7. | Тие го изневерија Господа, зашто изродија ту и деца; и сега новата месечина ке ги проголта заедно со имотите нивни. |
8. | Затрубете со рог во Гива, со труба во Рама, и викајте во Бет-Авен: "По тебе, Венијамине!" |
9. | Во денот на казнувањето Ефрем ке стене пустиња; Јас го соопштив тоа ме у колената Израилеви. |
10. | Водачите на Јуда останаа како оние што преместуваат ме и; ке го излеам врз нив гневот Мој како вода. |
11. | Ете, Ефрем е угнетен, поразен е преку суд, оти посака да оди по суетни работи. |
12. | И ке биде како молец за домот на Ефрема и како црв за домот на Јуда. |
13. | Ја виде Ефрем болеста своја и Јуда раната своја; и тргна Ефрем кон Асур и прати по царот Јарим за да го брани; но тој не ке може да ве излекува, и нема да ви ја исцели раната ваша. |
14. | Оти Јас сум како лав за Ефрема и како лавче за домот на Јуда; Јас, Јас ке раскинам и ке си заминам; ке однесам и никој нема да ги спаси. |
15. | Kе тргнам и ке се вратам во Своето место, додека тие не признаат оти се виновни, и не го побараат лицето Мое. |
← Hosea (5/14) → |