| ← Hosea (4/14) → |
| 1. | Чујте го словото Господово, синови Израилеви; зашто Господ ке им суди на жителите од оваа земја, оти нема ни вистина, ни милосрдие, ниту знаење за Бога на земјата. |
| 2. | Клетва и измама, убиство, кражби и прељубодејства многу се распространија, и крвта со крв се измешува. |
| 3. | Затоа таа земја ке се расплаче, и ке се истоштат сите, што живеат на неа, заедно со полските животни и птиците небески; дури и рибите во морето ке загинат. |
| 4. | Но никој да не се преправа и никој никого да не обвинува; и твојот народ е како оние што спорат со свештеникот. |
| 5. | Ти ке паднеш дење, и со тебе пророкот ке падне ноке, а Јас ке ја погубам твојата мајка. |
| 6. | Мојот народ се оприличил на тие што немаат знење, зашто ти си отфрлил знаење, и јас ке те отфрлам од свештенодејството пред Себе; бидејки го заборави законот на својот Бог, и Јас ке ги заборавам децата твои. |
| 7. | И колку повеке се размножуваат, толку повеке и грешат против Мене; затоа славата нивна ке ја претворам во бесславие. |
| 8. | Тие се хранат со гревовите на Мојот народ, и кон беззаконијата негови се стеми душата нивна. |
| 9. | И што ке стане со народот, тоа ке се случи и со свештеникот; ке го казнам според патиштата негови и ке му платам според делата негови. |
| 10. | Kе јадат - и нема да се наситуваат; ке блудствуваат и нема да се размножуваат, оти престанаа да Му служат на Господа. |
| 11. | Блудството, виното и пијалоците ги овладеале срцата нивни. |
| 12. | Мојот народ го прашува дрвото, и неговиот жезал му дава одговор; зашто духот на блудството ги вовел во залуда, па блудствувајки, тие отстапија од својот Бог. |
| 13. | Принесуваат жртви по планинските врвови и по ридовите кадат под даб, топола и брест, оти тие имаат добри сенки; затоа керките ваши блудствуваат, а снаите ваши прељубодејствуваат. |
| 14. | Нема да ги казнувам керките ваши кога блудствуваат, и снаите ваши кога прељубодејствуваат, оти вие самите сте блудници и со миленици принесувате жртви, а простиот народ гине. |
| 15. | Ако ти, Израиле, блудствуваш, Јуда барем да не грешеше; и не одете во Галгал, не влегувајте во Бет - Авен и не колнете се со клетвата: жив е Господ! |
| 16. | Израилот е упорен како упорна јуничка; па ке ги пасе ли затоа Господ како јаганца на широка ливада? |
| 17. | Ефрем се поврзал со идолите; остави го! |
| 18. | Одвратно е пијанството нивно; наполно се предале на блудство; нивните кнезови сакаат се што е срамно. |
| 19. | Ветрот ке ги притегне со криљата свои, и тие ке се засрамат од жртвите свои. |
| ← Hosea (4/14) → |