← Hosea (2/14) → |
1. | Речете им на браката свои: ‘народ Мој‘ и на сестрите свои ‘помилувана.‘ |
2. | Судете се со својата мајка, расправајте се; зашто таа не е Моја жена, и Јас не сум и маж нејзин; нека го отфрли блудството од лицето свое и прељубодејството од градите свои, за да не ја сотрам, |
3. | за да не ја соблечам гола и да не ја покажам како во денот на нејзиното ра ање, и да не ја направам пустелија, за да не ја претворам во сува земја и да не ја усмртам со жед. |
4. | И децата нејзини нема да ги помилувам, зашто тие се деца од блудство. |
5. | Бидејки мајката нивна блудствуваше, се осрамоти онаа, која ги зачна, зашто си велеше - ке тргнам по милениците свои, кои ми даваат леб и вода, волна и лен, елеј и пијалок. |
6. | Ете, затоа Јас ке и го препречам патот нејзин со трње и ке ја заградам со ограда, и таа не ке може да ги најде патеките свои; |
7. | ке се впушти по милениците, но нема да ги стигне; ке ги бара, и нема да ги најде; и ке си рече: ке се вратам и ке појдам кај првиот маж; оти тогаш ми беше подобро, отколку сега. |
8. | А таа не знаеше дека Јас и давав жито, вино и елеј и и го зголемував среброто нејзино и златото, од кое му направија идол на Ваала. |
9. | Затоа ке го повратам житото Свое, и виното Свое, кога за тоа ке му дојде времето и ке ја одземам волната Своја и ленот Свој, со што се покрива голотијата нејзина. |
10. | И сега ке ја откријам срамотијата нејзина пред очите на нејзините миленици, и никој не ке ја отме од раката Моја. |
11. | И ке укинам при неа секаква веселба, празниците и новомесечијата нејзини, и саботите и сите нејзини прослави. |
12. | И ке ги запустам лозјата нејзини и смоквите, за кои таа беше рекла: ‘тоа ми се подароци, со кои ме даруваа милениците мои;‘ и Јас ке ги претворам во шума, и полските животни ке ја изедат. |
13. | И ке ја казнем за деновите поминати во служење на Вааловците, кога им кадела и ги китела со обетки и гривни, одела по милениците свои а Мене Ме заборавила, вели Господ. |
14. | Поради тоа Јас ке ја измамам и ке ја одведам во пустиња, па ке му зборувам на нејзиното срце. |
15. | И ке и ја дадам оттаму лозата нејзина и долината Ахор како трем на надеж; и таму таа ке пее како во деновите на својата младост и како во денот кога излезе од Египетската земја. |
16. | И во тој ден, вели Господ, ти ке Ми велиш - мажу мој, и нема повеке да Ми велиш - Ваалу мој. |
17. | И ке ги премавнам од устата нејзина имињата на Вааловците, и нема повеке да се спомнува името нивно. |
18. | И во тоа време поради нив ке склучам сојуз со животните полски, со птиците небески и со лазачите по земјата; а лак, и меч, и војна ке истребам од таа земја, и ке им дозволам да живеат во безопасност. |
19. | И ке те свршам за Себе вечно, и ке те свршам за Себе во правда и суд, во благослов и милосрдност. |
20. | И ке те свршам за Себе во верност и ти ке Го познаеш Господа. |
21. | И во тој ден Јас ке чујам, вели Господ, Јас, ке го чујам небото, и тоа ке ја чуе земјата, |
22. | и земјата ке го чуе житото и виното и елејот; а тие ке го чујат Језраела. |
23. | И ке ја посеам за Себе на земјата, и ке ја помилувам непомилуваната и ке му речам на не Мојот народ: "ти си Мој народ", а тој ке рече: "Ти си мој Бог!" |
← Hosea (2/14) → |