← Hosea (14/14) |
1. | Обрани се, Израиле, кон Господа твојот Бог; зашто ти пропа аш поради своето беззаконие. |
2. | Подгответе се молитвено, и обратете се кон Господа и речете Му: "Прости ни ги сите беззаконија наши и прими не добро, а ние ке принесеме жртва од устата наша." |
3. | Асур повеке нема да не спасува; и нема повеке да јаваме на коњи и на своите уметнички творби да им велиме: "О, богови наши; зашто само Ти си милосрден кон сираци." |
4. | Kе го излекувам одметнувањето нивно, благонаклоно ке ги засакам, зашто гневот Мој се одврати од нив. |
5. | Јас ке бидам роса за Израилот; тој ке цвета како крин и ке пушти корења како дрвјата на Ливан. |
6. | Kе се рашират гранките негови, и убавината негова ке биде како убавина на маслина, и мирисот од него како мирис од Ливан. |
7. | Kе се вратат оние, кои седеа под неговата сенка, и ке имаат жито во изобилие - па ке цветаат како лоза, ке станат славни како виното ливанско. |
8. | Зошто ми се идолите уште - ке рече Ефрем. И Јас ке го чујам и милостивно ке погледнам на него; ке бидам како зелен кипарис: од Мене ке ти бидат плодовите. |
9. | Кој е мудар, нека го разбере ова; кој е разумен нека го познае тоа. Оти патиштата Господови се прави, и праведниците ке одат по нив, а беззакониците ке па аат на нив. |
← Hosea (14/14) |