← Hosea (13/14) → |
1. | Кога Ефрем зборуваше, сите трепереа. Тој беше издигнат во Израилот; но беше згрешил со Ваала, а затоа загина. |
2. | А сега го умножи гревот: направија идоли излеани од сребро, онака како што сами ги разбираа - уметничка работа - па им велат на лу ето да принесуваат жртви и да ги целиваат телињата. |
3. | Поради тоа тие ке бидат како утрена магла, како роса, што брзо исчезнува, како плева што ветар ја однесува од гумното, како дим од димник. |
4. | Но Јас сум Господ, твојот Бог. Од земјата Египетска - и ти не треба да имаш друг Бог освен Мене, нема Спасител освен Мене. |
5. | Јас те познав во пустињата, во засушената земја. |
6. | Па, имајки пасишта, тие беа сити; а кога се заситуваа, срцето им се возгордуваше, и поради тоа Мене Ме забораваа. |
7. | И Јас ке бидам како лав за нив, како лавче што демне покрај пат. |
8. | Kе напа ам врз нив како мечка, чии мечиња се грабнати: ке им ги истргнувам срцата нивни и ке ги изедам таму како лавица, полските sверови ке ги раскинуваат. |
9. | Ти пропа аш, Израиле, зашто само во Мене е твојата потпора. |
10. | Каде ти е сега царот? Каде се твоите судии, за кои велеше: "дај ни цар и началници!" |
11. | Јас ти дадов цар во гневот Свој, но ти го одзедов во јароста Своја. |
12. | Врзано е беззаконието на Ефрема, останат е гревот негов. |
13. | Родилни маки ке претрпи; тој е неразбран син, инаку не би останал во положба на тукушто родено дете. |
14. | Од власта на пеколот ке ги откупам, од смртта ке ги избавам. Смрт - каде ти е силата? Каде ти е тебе, пеколу, победата? За тоа нема да се покајам. |
15. | Иако е Ефрем плоден ме у браката, но ке дојде источен ветар, ке се крене ветрот Господен од пустињата, и ке го пресуши изворот негов, тој ке го однесе богатството од сите сокровишта. |
16. | Опустошена ке биде Самарија, зашто се крена против својот Бог; од меч ке паднат тие, нивните младенци на камен ке бидат разбивани, а бремените жени ке бидат распарувани. |
← Hosea (13/14) → |