← Hosea (12/14) → |
1. | Ефрем Ме опкружил со лага, а домот Израилев со лукавство; но Јуда се уште се држеше за Бога, и верен беше со светиите. |
2. | Ефрем пасе ветар и трча кон источниот ветар, секој ден ја зголемува лагата и запустувањето, склучува сојуз со Асур, а во Египет прака елеј. |
3. | Но и со Јуда Господ ке има суд - и Он ке го посети Јакова по патиштата негови, и Kе му даде според делата негови. |
4. | Уште во утробата мајчина тој го задржуваше брата си, а кога порасна, тој се бореше и со Бога. |
5. | Он се бореше против Ангел - и го победи; заплака и Го замоли; во Ветил Он не најде и таму зборуваше со нас. |
6. | А Господ е Бог Саваот; Јехова е името Негово. |
7. | Обрни се и ти кон својот Бог; биди милостив и правичен, и секогаш надевај се на твојот Бог. |
8. | Хананеецот има неверни мерила во раката своја и сака да онеправдува; |
9. | И Ефрем вели: "Сепак се збогатив, насобрав многу имот, макар што во сите мои работи не можат да најдат ништо незаконско, што би било грев." |
10. | Јас, пак, твојот Господ Бог уште од земјата Египетска, пак ке те населам да седиш во сеници како во деновите на празникот. |
11. | Јас им зборував на пророците и ги умножував виденијата, а и преку пророците се служев со споредувања. |
12. | Ако Галад стана Авен, тоа и тие станаа суетни, во Галгал колеа за жртви телци, а жртвениците им стоеја како купишта камења на ме ите од нивните ниви. |
13. | Избега Јаков на нивите сириски и Израил служеше за жена, а за жена и овци пасеше. |
14. | Преку пророк го изведе Господ Израилот од Египет и преку пророк Он го пази. |
15. | Ефрем многу Го разгневи Господа, па затоа Господ ке ја остави крвта негова на него, и ке му го врати срамот негов. |
← Hosea (12/14) → |