| ← Hosea (10/14) → |
| 1. | Израилот е рагранета лоза; колку повеке таа има плод, толку повеке се умножуваат жртвениците; колку му е подобра земјата, толку повеке се украсуваат идолите. |
| 2. | Разделено е срцето нивно, и затоа ке бидат казнети: Он ке ги разруши нивните жртвеници, ке ги здроби идолите нивни. |
| 3. | Сега тие велат: "Немаме цар, зашто не се уплашивме од Господа, а царот - што ке ни прави тој?" |
| 4. | Зборуваат, даваат лажни завети, склучуваат сојузи; затоа над нив ке има суд, како треба отровна по браздите на нивните ниви. |
| 5. | За телето во Бет - Авен ке затреперат жителите на Самарија; ке заплаче за него народот негов, и жреците негови, кои се радуваа со него, ке плачат за славата негова, оти неа ке ја снема од него. |
| 6. | И тој самиот ке биде врзан и одведен во Асирија како дар на царот Јарим; посрамен ке биде Ефрем, и ке се засрами Израилот поради својот заговор. |
| 7. | Kе го отфрли Самарија својот цар, како пена над вода. |
| 8. | И ке бидат истребени идолските светилишта на Авен, гревот Израилев; во трње и боцки ке обраснат жртвениците негови, па ке им речат на планините - покријте не, а на ридовите, паднете врз нас! |
| 9. | Повеке згреши, Израиле, отколку во деновите на Гива; таму тие опстојаа, војната во Гаваон против синовите на беззаконието не ги постигна. |
| 10. | По своја желба ке ги казнам; ке се соберат против нив народите, и тие ке бидат заробени поради двојниот нивни престап. |
| 11. | Ефрем е обучена јуничка, свикната да врши, и Јас Самиот на нејзиниот убав врат ке и ставам ам; па Ефрем ке влече, Јуда ке ора, а Јаков ке брани. |
| 12. | Сејте правда - па да пожнеете милост; разорувајте ја рамнината, оти време е да Го побарате Господа, и така Он, штом ке дојде, да ве одржи во правда. |
| 13. | Одгледавте беззаконие - ожнеевте нечестие, јадевте плод на лагата, оти ти се надеваше на својот пат, на многуте војници. |
| 14. | И ке се појави смут во твојот народ, и сите твои тврдини ке бидат разрушени, како што Салман го разруши Бет - Арабел во денот на битката: мајка биваше убивана заедно со децата. |
| 15. | Ете, така ке направам, доме Израилев, поради неправдата ваша. |
| ← Hosea (10/14) → |