Hosea (1/14) → |
1. | Слово Господово што беше упатено до Осија, во деновите на јудејските цареви Озија, Јоатама, Ахаза, Језекија и во деновите на Израилскиот цар Јеровоам, синот Јоасов. |
2. | Почеток на словото Господово до Осија. Му рече Господ на Осија: "Оди и земи жена блудница, па роди деца во блудство; зашто оваа земја многу блудствува, откако отстапи од Господа." |
3. | И тој отиде и ја зеде Гомер, керката на Давлаима, која зачна и му роди син. |
4. | Тогаш Господ му рече: "Стави му има Језраел, зашто уште малку и Јас ке му се одмаздам на Јујневиот дом за крвта пролеана во Језраелот и ке го укинам царството на Израилот, |
5. | и во тој ден ке го поразам лакот на Израилот во долината Језраел." |
6. | Таа пак зачна и роди керка, и Он му рече: "Именувај ја Лорухама, зашто Јас веке нема да го помилувам домот Израилев, и да им проштевам. |
7. | А домот Јудин ке го помилувам и ке ги спасам преку нивниот Господ Бог, не со лак, ниту со меч, ни со војска, ниту со коњи и коњаници." |
8. | Потоа, откако ја одби од доење, одново зачна и роди син. |
9. | И му рече Он: "Наречи го со името Лоам, зашто вие не сте Мој народ, и Јас нема да бидат ваш Бог. |
10. | Но бројот на синовите Израилеви ке биде како песокта морска, кој не ке може ни да се измери ниту да се изброи; и место да им речат - вие не сте Мој народ - ке им се рече - вие сте синови на живиот Бог. |
11. | И ке се соберат синовите Јудини и синовите Израилеви заедно и ке си постават еден старешина и ке излезат од земјата, зашто голем е денот на Језраелот." |
Hosea (1/14) → |