← Hebrews (5/13) → |
1. | Зашто, секој врховен свештеник, кој е избран од луѓето, се поставува за луѓето, за да служи пред Бог, за да принесува дарови и жртви за гревови; |
2. | кој може да биде благ кон оние кои се во незнаење и се заблудени, зашто и самиот е подложен на слабости. |
3. | И заради тоа, должен е да принесува жртви за гревовите, како за народот, така и за себеси. |
4. | И никој не ја зема честа за себе, туку ја прима кога Бог го повикува, како и Арон. |
5. | Така и Христос не се прослави Сам Себеси за да стане Bрховен свештеник, туку Оној Кој Му рече: "Ти си Мојот Син; денес Те родив"; |
6. | како што Тој и на друго место вели: "Ти Си Свештеник во вечни векови, по редот Мелхиседеков." |
7. | Тој, во деновите на Својот живот во тело, Му принесе молитви и молби со силно викање и солзи, на Оној Кој можеше да Го спаси од смрт, и беше ислушан заради Својата послушност. |
8. | Иако беше Син, се научи на послушност од она што го претрпе |
9. | и откако се усоврши, на сите кои Му се послушни им стана Извор на вечно спасение, |
10. | одреден од Бог за Bрховен Свештеник по редот Мелхиседеков. |
11. | За него имаме да зборуваме многу, но е тешко да се протолкува, зашто станавте тапи за слушање. |
12. | Имено, според времето, досега требаше да бидете веќе учители, меѓутоа вам ви е сè уште потребно да ве поучува некој на основните принципи на Божјите откровенија, и потребно ви е млеко, а не тврда храна. |
13. | Зашто секој што се храни со млеко, не е навикнат во словото на праведноста, зашто е бебе. |
14. | А тврдата храна е за зрелите, кои преку опитноста ги имаат извежбано сетилата да разликуваат добро и зло. |
← Hebrews (5/13) → |