← Hebrews (4/13) → |
1. | И така, да страхуваме да не биде изостанат некои од вас, додека е сè уште оставено ветувањето за влегувањето во Неговиот спокој. |
2. | Зашто и нам ни беше проповедана Добрата Bест како и ним. Но немаа полза од словото што го чуја, зашто не беше проследено со вера кај оние кои го беа чуле. |
3. | Имено, ние кои поверувавме влегуваме во спокојот, токму како што рече Тој: "така што во Својот гнев се заколнав: нема да влезат во Мојот спокој"; иако Неговите дела беа завршени уште од основањето на светот. |
4. | Зашто Самиот за седмиот ден има некаде кажано вака: "И Бог во седмиот ден се одмори од сите Свои дела." |
5. | И пак на тоа место: "Нема да влезат во Мојот спокој." |
6. | И така, бидејќи останува некои да влезат во него, а оние на кои порано им беше проповедано Евангелието не влегоа заради непослушноста, |
7. | Тој повторно определи еден ден, едно "денес", зборувајќи преку Давид по долго време, токму како што има кажано порано: "Денес ако го чуете Неговиот глас, не закоравувајте ги вашите срца." |
8. | Зашто, ако Јошуа им дадеше спокој, не би зборувал потоа за друг ден. |
9. | Значи, на Божјиот народ му останува саботната починка. |
10. | Имено, оној кој влегол во Неговиот спокој, тој се одморил од своите дела, како и Бог од Своите. |
11. | И така, да се погрижиме да влеземе во тој спокој, за да не падне некој следејќи го истиот пример на непослушност! |
12. | Зашто Божјото Слово е живо, делотворно и поостро од секој меч со две сечила, и пробива до разделувањето на душата и духот, на зглобовите и срцевината, и е способно да ги суди мислите и намерите на срцето, |
13. | и нема создание кое е скриено пред Неговите очи; туку сè е голо и откриено пред очите на Оној пред Кого ќе дадеме сметка. |
14. | И така, бидејќи имаме Bрховен свештеник, Кој помина низ небесата - Исус, Божјиот Син, да се држиме цврсто за верата која ја исповедаме! |
15. | Зашто, немаме врховен свештеник кој не може да сочувствува со нашите слабости, туку таков Кој бил искушуван во сè, како нас, но без грев. |
16. | И така да пристапуваме смело кон престолот на благодатта, за да примиме милост и за да најдеме благодат, која ќе ни помогне во време на нужда. |
← Hebrews (4/13) → |