← Hebrews (3/13) → |
1. | Затоа, свети браќа, вие кои учествувате во небесното призвание, насочете ги вашите мисли кон Исус, Апостолот и Bрховниот свештеник на нашето исповедување, |
2. | Кој Му беше верен на Оној Кој Го постави, како што беше и Мојсеј во целиот Негов дом. |
3. | Бидејќи Тој беше удостоен со поголема слава од Мојсеј, како што поголема чест од куќата има оној кој ја изградил. |
4. | Зашто, секоја куќа е изградена од некого, а Бог е градител на сè. |
5. | Навистина, и Мојсеј му беше верен на целиот Негов дом, како слуга, за сведоштво на оние нешта што требаше да се соопштат подоцна. |
6. | А Христос беше верен како Син над Својот дом; а Негов дом сме ние, ако докрај ги дочуваме смелоста и радоста на нашата надеж. |
7. | Bпрочем, како што вели Светиот Дух: "Денес ако го чуете Неговиот глас, |
8. | не закоравувајте ги вашите срца, како тогаш кога Ме предизвикуваа, како во денот на искушувањето во пустината, |
9. | каде што вашите татковци се бунтуваа против Мене, предизвикувајќи Ме, и беа очевидци на Моите дела четириесет години. |
10. | Затоа се разлутив на тоа поколение и реков: - секогаш заблудуваат во своите срца и не ги запознаа Моите патишта -, |
11. | та во Својот гнев се заколнав: - нема да влезат во Мојот спокој -." |
12. | Гледајте, браќа, да не би во некого од вас да има зло срце, што не верува, та да отпадне од живиот Бог. |
13. | Туку бодрете се еден со друг, секојдневно, додека се вели "денес", да не би некој од вас да закорави од измамливоста на гревот. |
14. | Bпрочем, ние станавме Христови соучесници, само ако почетната увереност ја запазиме цврсто докрај, |
15. | така што се вели: "Денес ако го чуете Неговиот глас, не закоравувајте ги вашите срца, како тогаш кога Ме предизвикуваа." |
16. | Имено, кои се тие кои откако чуја Го предизвикаа? Зар не беа тоа сите оние кои излегоа од Египет водени од Мојсеј? |
17. | А кому му беше гневен четириесет години? Зар не на оние кои згрешија и чии тела паднаа во пустината? |
18. | А на кои им се заколна дека нема да влезат во Неговиот спокој, ако не на оние кои беа непокорни? |
19. | И гледаме дека не можеа да влезат поради неверие. |
← Hebrews (3/13) → |