← Hebrews (2/13) → |
1. | Затоа треба уште повеќе да внимаваме на она што го чувме, за да не бидеме одвлечени. |
2. | Зашто, ако словото изговорено преку ангелите беше цврсто, и ако секој престап и секоја непослушност беа соодветно наплатени, |
3. | како ќе се извлечеме, ако занемариме толку големо спасение, за кое првин зборуваше Господ, и нам ни беше потврдено од оние кои го беа чуле, |
4. | откако Бог го посведочи со знаци, со чуда и со разни моќни дела, и со раздавање дарови на Светиот Дух, според Неговата волја. |
5. | Bпрочем, не им го потчини на ангели идниот свет, за кого зборуваме. |
6. | Но некој некаде посведочи, велејќи: "Што е човекот, та си спомнуваш за него? Или човековиот син, та да ти значи нешто? |
7. | Го направи само малку помал од ангелите, со слава и чест го овенча; |
8. | сè потчини под неговите нозе." А кога му потчини сè, тој ништо не остави непотчинето на себеси. Но сега уште не гледаме дека му е потчинето сè . |
9. | Но Го гледаме Исус, Кој беше за кратко време помал од ангелите, овенчан со слава и чест заради претрпената смрт, Кој по Божјата благодат ја вкуси смртта за сите. |
10. | Зашто Му прилегаше Нему, заради Кого е сè и преку Кого е сè, откако приведе многу синови во слава, преку страдање да стане совршен Автор на нивното спасение. |
11. | Зашто и Оној Кој осветува и оние кои се осветени, сите се од еден Татко, та затоа не се срами да ги нарече браќа, |
12. | кога вели: "Ќе им го навестам Твоето име на Моите браќа, ќе Те воспеам сред соборот"; |
13. | и пак: "Јас ќе се надевам на Него"; и пак: "Еве ме мене и моите деца, кои Бог ми ги даде." |
14. | Бидејќи, пак, децата имаат учество во телото и крвта, така и Самиот Тој зеде учество во тоа, та со смртта да го обессили оној кој ја имаше власта над смртта, односно ѓаволот, |
15. | и да може да ги избави оние кои заради стравот од смртта, цел живот беа во ропство. |
16. | Зашто, навистина, Тој не им помага на ангелите, туку му помага на Авраамовото потомство. |
17. | Затоа требаше во сè да стане како Своите браќа, за да стане милостив и верен Bрховен свештеник за нештата кои се однесуваат на Бог, за да биде жртва за помирување за гревовите на луѓето. |
18. | Бидејќи, и Самиот страдаше кога беше искушуван, затоа може да им помогне на оние кои се искушувани. |
← Hebrews (2/13) → |