← Hebrews (13/13) |
1. | Бидете постојани во братската љубов! |
2. | Не запоставувајте ја гостољубивоста, зашто некои преку неа, без да знаат, примија ангели на гости! |
3. | Имајте ги на ум затворениците, небаре сте и вие во пранги, како и измачуваните, зашто и самите сте во тело! |
4. | Сите да го почитуваат бракот и брачното легло неосквернето, зашто Бог ќе им суди на блудниците и прељубниците. |
5. | Bашиот начин на живеење нека биде ослободен од среброљубие, бидете задоволни со она што го имате, зашто Тој рече: "Никогаш нема да те напуштам , ниту ќе те заборавам!" |
6. | Затоа можеме смело да речеме: "Господ ми е помошник, нема да се плашам. Што може да ми направи човекот?" |
7. | Сеќавајте се на оние што ве водеа, кои ви го говореа Божјото слово. Гледајте на резултатот од нивниот начин на живеење, имајте ја за пример нивната вера! |
8. | Исус Христос е истиот вчера, денес и во вечни векови. |
9. | Не дозволувајте да ве заведат со разни и туѓи учења, зашто добро е срцето да биде зацврстено со благодат, а не со јадења, од кои немаа полза оние кои живееја така ! |
10. | Ние имаме жртвеник, од кого немаат право да јадат служителите на Шаторот. |
11. | Зашто телата на животните чија што крв врховниот свештеник ја внесува во Светилиштето како жртва за гревовите, се палат надвор од населбата. |
12. | Затоа и Исус, за да го освети народот преку Својата крв, настрада надвор од градската порта. |
13. | И така, да појдеме кон Него, надвор од населбата, носејќи ја Неговата поруга, |
14. | зашто тука немаме траен град, туку го бараме идниот. |
15. | И така преку Него постојано да Му принесуваме на Бог благодарствена жртва, односно плод од усните кои му благодарат на Неговото име. |
16. | А не заборавајте да вршите добри дела и да споделувате со другите, зашто таквите жртви Му се по волја на Бог! |
17. | Бидете им послушни на вашите водачи и покорувајте им се, зашто тие бдеат над вашите души како такви кои за тоа ќе одговараат. Нека го прават тоа со радост, а не со негодување, зашто тоа не би било полезно за вас. |
18. | Молете се за нас, зашто сме уверени дека имаме добра совест и сакаме да се однесуваме добро во сè. |
19. | Згора на тоа, ве молам да го правите тоа за да ви бидам вратен побргу. |
20. | А Бог на мирот, Кој преку крвта на вечниот завет Го изведе од мртвите Bеликиот Пастир на овците, нашиот Господ Исус, |
21. | нека ве усоврши во секое добро за да ја извршувате Неговата волја, вршејќи го во нас она што му е мило Нему, преку Исус Христос, чија слава нека е во вечни векови. Амин! |
22. | Bе молам, браќа, да го примите ова слово на охрабрување, зашто ви го напишав накратко. |
23. | Знајте дека нашиот брат Тимотеј е ослободен, и ако дојде наскоро, со него ќе ве посетиме. |
24. | Поздравете ги сите ваши водачи и сите светии. Bе поздравуваат оние од Италија. |
25. | Благодат со сите вас. |
← Hebrews (13/13) |