Hebrews (1/13) → |
1. | Бог, Кој од дамнина, многупати и на многу начини им зборуваше на нашите татковци преку пророците, |
2. | во последниве денови ни зборуваше преку Синот Кого Го постави за наследник на сè и преку Кого го создаде и светот. |
3. | Тој е одблесок на Неговата слава и одраз на Неговото битие, Кој сè одржува преку моќта на Својот збор. Откако изврши исчистување на гревовите, седна оддесно на Bеличеството во висините; |
4. | и стана толку повозвишен од ангелите, колку што наследи повозвишено име од нив. Христос е повозвишен од ангелите. |
5. | Зашто, кому од ангелите некогаш му беше рекол: "Ти си Мојот Син; денес Те родив" и пак: "Јас ќе Му бидам Татко, а Тој ќе ми биде Син"? |
6. | И пак, кога Првородениот Го воведе во светот, рече: "И да Му се поклонат сите Божји ангели!" |
7. | А за ангелите вели: "Своите ангели ги прави ветрови а Своите слуги огнени пламени." |
8. | А за Синот вели: "Твојот престол, Боже, е вечен и скиптарот на правдата е скиптар на Твоето Царство. |
9. | Ја засака праведноста, а го замрази беззаконието, затоа Бог, Твојот Бог Те помаза со масло на радост, како никој од Твоите другари"; |
10. | и: "Ти, Господи, во почетокот ги положи темелите на земјата, и небесата се дело на Твоите раце. |
11. | Тие ќе бидат уништени, а Ти остануваш. И ќе остарат како облека, |
12. | и ќе ги свиткаш како наметка, како облека ќе се променат. А Ти секогаш си истиот и Твоите години немаат крај." |
13. | А кому од ангелите некогаш му има речено: "Седни од Мојата дена страна додека не ги направам Твоите непријатели подношка на Твоите нозе"? |
14. | Не се ли сите тие прислужнички духови испратени да им служат на оние кои ќе наследат спасение? |
Hebrews (1/13) → |