← Haggai (2/2) |
1. | Во седмиот месец, на дваесет и првиот ден од месецот, би слово Господово преку пророкот Агеј: |
2. | "Кажи им сега на Зоровавела, синот Салатиилов, управителот на Јудеја, и на Исуса, Јоседековиот син, првосвештеникот, и на другиот народ: |
3. | ‘Кој од вас останал што го видел овој храм во неговата поранешна слава, а како вие сега го гледате овој? Не е ли овој како ништо во вашите очи? |
4. | Но охрабри се сега, Зоровавеле, - вели Господ - ободри се, Исусе, сине Јоседеков, првосвештенику, охрабрете се сите народи овде - вели Господ - и работете, зашто Јас сум со вас", вели Господ Саваот. |
5. | "Мојот завет, што го склучив со вас, кога излеговте од Египет, и Мојот Дух ке биде ме у вас: не плашете се!" |
6. | Оти вака вели Господ Саваот - уште еднаш - и ете, скоро ке се случи тоа - ке ги затресам небото и земјата, морето и сувото; |
7. | Kе ги стресам сите народи - и ке дојде Оној, Кого Го бараат сите народи и ке се исполни овој Дом со слава", вели Господ Саваот. |
8. | "Среброто е Мое и златото е Мое" - вели Господ Саваот. |
9. | "Славата на овој последен храм ке биде поголема отколку на поранешниот - вели Господ Саваот; и на ова место ке му дадам мир", вели Господ Саваот. |
10. | На дваесет и четвртиот ден од деветтиот месец, во втората година на Дарија, би слово Господово преку пророкот Агеј: |
11. | "Вака вели Господ Саваот - прашај ги свештениците за Законот и кажи - |
12. | "ако некој би носел осветено месо во полата од облеката своја, и со полата би се допрел до леб, или до нешто варено или до вино, или до елеј, или до што годе друго јадење, дали би се осветило тоа?" Одговорија свештениците и рекоа: ‘не.‘ |
13. | Потоа пак рече Агеј: "Ако некој нечист од мртовец би се допрел до тоа, дали би станало тоа нечисто?" Одговорија свештениците и рекоа - ‘ке стане нечисто.‘ |
14. | Тогаш рече Агеј - таков е и овој народ, такво е и ова племе пред Мене, вели Господ, и такви се сите дела на рацете негови! Па што и да принесувате, се ке биде нечисто. |
15. | А сега свртете го срцето на времето од овој ден наназад, кога уште не беше положен камен на камен во овој храм Господен. |
16. | Порано, доа але до крстина, што дава до дваесет мери и, ке се добиеле само десет; и до каца од педесет мери, а таа давала само дваесет мери. |
17. | Ве поразував со гламја и со млечка по житата и со град во сите работи на рацете ваши, но вие не се обрнавте кон Мене, вели Господ. |
18. | Свртете ги срцата ваши на времето од денес и наназад, од дваесет и четвртиот ден во овој деветти месец, од денот кога беше основан храмот Господен; обрнете ги срцата ваши: |
19. | Има ли уште во житниците семе? Досега ни лозата, ни смоквата, ни нарот, ни маслината не даваа плод; а од денес Јас ги благословувам. |
20. | И би слово Господово до пророкот Агеј по вторпат на дваесет и четвртиот ден од месецот, и беше речено: |
21. | "Кажи му на Зоровавела, управителот на Јудеја: ке го затресам небото и земјата; |
22. | ке урнам престоли на царства незнабожечки, ке превртам бојни коли и оние што ке седнат во нив, и кутнати ке бидат и коњите и коњаниците нивни ке паднат, еден од мечот на другиот. |
23. | Во тој ден, вели Господ Саваот, ке те земам, Зоровавеле, сине Салтиилов, слуго Мој, вели Господ, и ке те држам како печат, бидејки те избрав." |
← Haggai (2/2) |