Haggai (1/2) → |
1. | Во втората година на царот Дарија, во шестиот месец, на првиот ден во месецот, би слово Господово преку пророкот Агеј до Зоровавела, синот на Салатиила, управител на Јудеја, и до Исуса, синот Јоседеков, првосвештеникот. |
2. | Вака вели Господ Саваот: "Овој народ говори: Уште не е дојдено времето, не е време сега да се гради дом Господен." |
3. | И би слово Господово преку пророкот Агеј, велејки: |
4. | "А за вас време ли е да живеете во своите украсени домови, кога е Светилиштето запустено?" |
5. | Затоа сега вака вели Господ Саваот: "Свртете го срцето ваше врз вашите патишта. |
6. | Вие сеете многу а собирате малку; јадете, а не се заситувате; пиете, а не се напивате; се облекувате, но не се стоплувате; оној што печали пари, ги става во дупнато кесе." |
7. | Така вели Господ Саваот: "Свртете го срцето ваше кон патиштата свои. |
8. | Качете се на планината, донесете дрва и градете го храмот, и тоа ке Ми биде угодно, па ке се прославувам, вели Господ. |
9. | Мислите многу, а излегува малку, и што ке внесете дома, тоа Јас го раздувувам. Зошто? - вели Господ Саваот: Затоа што е домот Мој запустен, а вие пак трчате кон домот свој. |
10. | Па поради тоа небото се затвори и не ви дава роса и земјата не ви дава плодови. |
11. | Затоа повикав суша врз земјата, врз горите, врз житото, врз гроздовите, врз елејот и врз се што се ра а од земјата, и врз човекот и врз добитокот, и врз секој ваш рачен труд." |
12. | И Зоровавел, Салатииловиот син, и Исус, синот на Јоседека, и сиот друг народ го послуша гласот на Господа, својот Бог, а и зборовите на пророкот Агеј, како гласник на нивниот Господ Бог, и народот се подуплаши од Господа. |
13. | Тогаш Агеј, гласникот Господов, испратен од Господа, му рече на народот: "Јас сум со вас" - вели Господ. |
14. | И Господ го подигна духот на Зоровавела, синот Салатиилов, управителот на Јудеја, духот на Исуса, синот Јоседеков, првосвештеникот, и духот на сиот друг народ - и тие дојдоа и почнаа да го градат домот на Господа Саваот, својот Бог; |
15. | а тоа стана во дваесет и четвртиот ден од шестиот месец, во втората година на царот Дариј. |
Haggai (1/2) → |