← Habakkuk (3/3) |
1. | Молитвата на пророкот Авакум - за пеење. |
2. | Господи, чув вест од Тебе и се уплашив. Господи, запази го делото Свое ме у години, објави го во текот на годините, а во гневот Свој сети се на милост. |
3. | Бог дојде од Теман и Светецот од гората Фаран. Величието Негово ги покри небесата, и славата Негова ја исполни земјата. |
4. | Болскотот Му е како сончева светлина, а од рацете Негови зрачи, и тука е скривалиштето на Неговата сила. |
5. | Пред лицето Негово врви поразија, а по стапките Негови ветар што гори. |
6. | Он стана и земјата се затресе; погледа - и во трепет ги доведе народите; одамнешни планини се распаднаа, првобитните ридови се урнаа; но патиштата Негови се вечни. |
7. | Натажени ги видов шаторите етиопски; се стресоа сениците на земјата Мадијамска. |
8. | Зар против реките, Господи, пламнал гневот Твој? Зар против реките е Твоето негодување, или, пак, против морето е јароста Твоја - па си седнал на коњите Свои, на победничките бојни коли? |
9. | Ти го извади лакот Свој според клетвениот завет, даден на колената, ја раздели земјата со реки. |
10. | Кога те видов, планините затреперија, водите навалија; бездната го пушти гласот свој и угоре ги крена рацете свои. |
11. | Сонцето и месечината застанаа на своето место пред болскотот на вперените стрели Твои, пред светкањето на сјајните копја Твои. |
12. | Во гнев одиш по земјата и во негодување ги газиш народите. |
13. | Ти излегуваш за спасение на народот Твој, за спасение на помазаникот Свој. Ти ја поразуваш главата на нечестивиот дом, оголувајки го од петите до врвот. |
14. | Со копјата нивни Ти ја пронизуваш главата на нивните водачи, кога како виор се спуштаат да ме разбијат, радосни, оти мислеа дека скришум ке го проголтаа сиромавиот. |
15. | Со коњите Свои отвори пат преку морето, преку длабините на големите води. |
16. | Јас чув и внатрешноста моја затрепери, при гласот Твој затреперија и усните мои, болка почувствував во коските мои, и местото под мене трепери; а јас требаше да бидам спокоен во денот на бедата, кога ке дојде гребителот против мојот народ. |
17. | Макар и да не процути смоквата, а и да нема плод по лозите, макар маслината и да откаже, и нивата да не даде плод, макар и овците да не останат во трлото, па и рогат добиток во оборите да нема, |
18. | јас и тогаш ке се радувам во Господа и ке се веселам во Бога на моето спасение. |
19. | Господ Бог е мојата сила: Он ке ги направи нозете мои како на елен и ке ме поведе по височините мои. |
← Habakkuk (3/3) |