← Habakkuk (2/3) → |
1. | Застанав на стража, и стојеки на кулата, набљудував за да разберам, што ке ми каже Он, и што да одговорам на укорот од Него. |
2. | Ми одговори Господ и ми рече: Запиши го видението и одбележи го на плочи јасно, та оној, што ке чита, да може да го прочита; |
3. | зашто видението се однесува до определеното време; тоа зборува за свршетокот и нема да излаже; па, и ако се забави, чекај го, оти ке наиде и нема да забави. Оној што иде, ке дојде. |
4. | И ете, гордата душа нема да се успокои, а праведникот преку варата ке живее. |
5. | Гордиот човек, како незовриено вино, нема да се успокојува; тој ја раширува душата своја како пеколот, и ненаситен е како смртта; ги собира при себе сите народи и ги ограбува сите племиња. |
6. | Нема ли сите тие да го земат за приказ и да испеат иронична песна: "Тешко му на оној што без мерка се збогатува, и тоа не со свое, за долго ли? И натрупува залози." |
7. | Нема ли да станат наеднаш оние, што ке те измачуваат, и нема ли против тебе да се кренат грабители и ти ке им станеш за грабеж? |
8. | Бидејки си ограбил многу народи, и тебе ке те ограбат сите други народи, зашто си пролеал човечка крв, зашто си ја разорил земјата, градот и сите што живеат во него. |
9. | Тешко му на оној, што се лакоми кон неправедни печалби за домот свој, за да го изгради домот свој на високо и така да се запази од раката на злото. |
10. | Си смислил тај срам за домот свој, откако истребил многу народи, и си згрешил против душата своја. |
11. | Камењата од sидовите ке повикаат и стегите дрвени ке им одговорат: |
12. | "Тешко му на оној кој sида град врз крв, и што гради тврдини врз неправда!" |
13. | Ете, не е ли тоа од Господа Саваот што народите се трудат за оган и племињата се измачуваат напразно? |
14. | Зашто земјата ке се исполни со славата Господова онака како што водите го исполнуваат морето. |
15. | Тешко му на оној што го пои ближниот свој со пијалок, измешан со злобата своја, за да ја види голотијата негова! |
16. | Ти си презаситен со срам место со слава; пиј, пак, и ти и покажи ја голотијата своја и кон тебе ке се сврти десницата Господова и срамот на славата твоја. |
17. | Зашто твоето злодејание на Ливан ке падне врз тебе, оти си истребувал уплашени животни, бидејки си пролевал човечка крв, си ги опустошувал земјата, градот и се што живее во него. |
18. | Каква корист има од резан лик, направен од уметник, од тој излеан лажен учител, макар што вајар, правејки неми идоли, ке се надева на делото свое. |
19. | Тешко му на оној, кој на дрво вели - ‘стани‘ - и на нем камен - ‘разбуди се‘. Kе научи ли тој некого на нешто? Ете, тој е опкован со злато и сребро, но здив во него нема. |
20. | Господ е во Својот свет храм: нека молчи целата земја пред лицето Негово! |
← Habakkuk (2/3) → |