← Genesis (9/50) → |
1. | Тогаш Бог го благослови Ноја и синовите негови, и им рече: "Плодете се и множете се, и полнете ја земјата и владејте ја! |
2. | А сите sверови земни и сите птици небески, и сиот земен добиток, и се што се движи по земјата, и сите морски риби да се плашат од вас: во ваши раце се предадени. |
3. | Се што се движи и живее, ке ви биде храна; сето тоа ви го дадов, како што ви го дадов зеленото растение. |
4. | Само да не јадете месо во кое има уште душа, односно крвта негова. |
5. | А и вашата крв, односно вашиот живот, ке го барам; од секој sвер ке го барам, ке ја барам, исто така, душата човечка од раката на човек, од раката на братот негов; |
6. | кој ке пролее крв човечка, и неговата крв ке се пролее од човечка рака; зашто човекот го создадов според образот Божји. |
7. | Вие, пак, плодете се и множете се; ширете се на земјата и наполнете ја и владејте ја!" |
8. | И му рече Господ на Ноја и синовите негови со него, велејки: |
9. | "А Јас, еве, го поставувам заветот Мој со вас и со вашето потомство по вас, |
10. | и со секоја жива душа, која е со вас, со птиците, и со добитокот, и со сите sверови земни, што се со вас, со се она што излегло од ковчегот, со сите земни животни; |
11. | го поставувам заветот Мој со вас дека отсега нема веке ниедна плот да загине од потоп и дека повеке не ке има потоп да ја запустува земјата!" |
12. | И рече Бог: "Еве го знакот на заветот, што го поставувам ме у Мене и вас и ме у секоја жива душа, која е со вас, за идните поколенија: |
13. | божилак Свој поставувам во облакот, за да биде знак на заветот ме у Мене и земјата. |
14. | Па кога облак ке навеам на земјата, ке се види божилакот во облакот, |
15. | и ке си спомнам за заветот Мој, кој е ме у Мене и вас и ме у секоја душа, што живее во плот; и нема веке да има потоп за да ја уништи секоја плот. |
16. | Божилакот ке биде во облакот, и Јас ке го видам и ке си спомнам за вечниот завет ме у Бога и ме у секоја душа, што живее во секоја плот, која е на земјата." |
17. | И му рече Бог на Ноја: "Тоа нека е знакот на заветот, што го поставив ме у Мене и ме у секоја плот, која е на земјата!" |
18. | Синовите Ноеви, кои излегоа од ковчегот, беа: Сим, Хам и Јафет. Хам е татко на Хананејците. |
19. | Тоа се трите сина Ноеви, и од нив се насели целата земја. |
20. | А Ное почна да ја обработува земјата, и насади лозје. |
21. | И се напи од виното, па се опи, и легна гол среде шаторот свој. |
22. | А Хам, таткото на Хананејците, ја виде голотијата на таткото свој, и излезе, та им го кажа тоа на обајцата брака свои. |
23. | Но Сим и Јафет зедоа облека, и, наметнуваки ја на рамената свои, појдоа назадешкум и ја покрија со неа голотијата на таткото свој; лицата им беа свртени наназад, и тие не ја видоа голотијата на таткото свој. |
24. | А кога се истрезни Ное од виното, дозна што му беше направил помладиот син, |
25. | па рече, "Проклет да е Ханан; на браката свои ке им биде најдолен слуга!" |
26. | И уште рече: "Благословен да е Господ Бог Симов; а Ханан ке му биде слуга! |
27. | Нека го рашири Бог Јафета, и тој нека живее во шаторите на Сим; а Ханан да им биде слуга!" |
28. | И поживе Ное по потопот триста и педесет години. |
29. | А се на се поживе Ное деветстоитни и педесет години; потоа умре. |
← Genesis (9/50) → |