← Genesis (7/50) → |
1. | И му рече Господ Бог на Ноја: "Влези во ковчегот ти и целиот дом твој, бидејки те видов праведен пред Себе во овој род, |
2. | и земи со себе од секое чисто животно по седум од машки и женски пол, а од животните нечисти по две, машки пол и женски пол; |
3. | исто така и од птиците небески по седум, машки пол и женски, и од сите нечисти птици по две, за да им се зачува родот нивни по целата земја. |
4. | Оти по седум дена ке пуштам дожд на земјата, што ке се излива четириесет дена и четириесет ноки и ке го истребам од земјата секое суштество, што сум го создал Јас." |
5. | И Ное направи се што му заповеда Господ Бог. |
6. | А Ное имаше шестотини години кога дојде потопот на земјата. |
7. | И влезе Ное во ковчегот, и синовите негови, и жената негова, и жените на синовите негови со него, заради потопот од вода. |
8. | И од животните чисти и од животните нечисти, и од птиците и од се што се влечеше по земјата; |
9. | влегоа при Ноја во ковчегот по две, машко и женско, како што му заповеда на Ноја Бог. |
10. | А по седмиот ден дојдоа водите од потопот на земјата. |
11. | Кога имаше Ное шестотини години, во вториот месец во таа година, дваесет и седмиот ден од тој месец, во тој ден бликнаа сите извори на големата бездна и се отворија окната небески; |
12. | и се лиеше дожд на земјата четириесет дена и четириесет ноки. |
13. | Во истиот ден влезе во ковчегот Ное, и Сим, и Хам и Јафет, синовите негови, и жената Ноева, и трите жени на синовите негови со нив. |
14. | Тие, и сите sверови според родот нивни, и добитокот според неговиот род, и сите гадови, што се влечеа по земјата, според нивниот род, и се што лета, според родот негов, птиците сите и се што има криља, |
15. | влегоа во ковчегот при Ноја по две единки од машки и женски пол од секоја плот, во која имаше животен дух; |
16. | и тие што влегоа, машки и женски пол влегоа од секоја плот, како што му беше заповедал Бог. И Господ Бог потоа го затвори ковчегот однадвор. |
17. | Натопувањето на земјата потраја четириесет дена и четириесет ноки; водата надојде и го подзеде ковчегот; и тој се крена од земјата; |
18. | водата се засилуваше многу и се умножуваше на земјата, и ковчегот пливаше врз водата. |
19. | И се засили водата на земјата толку многу, што ги покри сите високи планини, какви што има под целото небо; |
20. | петнаесет лакти се издигаше водата над планините, откако ги покри. |
21. | Тогаш го изгуби животот секоја плот, што се движеше по земјата: и птиците, и добитокот, и sверовите, и сите лазачи, што се влечат по земјата, и сите лу е; |
22. | се, што на суво имаше здив во ноздрите свои, изумре. |
23. | И се истреби секое живо суштество, што се движеше на земјата: од човекот до sверот, лазачите и птиците небески - се беше истребено од земјата; само Ное остана, и оние, кои беа со него во ковчегот. |
24. | А водата се издигаше над земјата сто и педесет дена. |
← Genesis (7/50) → |