← Genesis (6/50) → |
1. | А кога лу ето почнаа да се множат на земјата, и керки им се народија, |
2. | тогаш синовите Божји, гледајки ги керките човечки дека се убави, ги земаа, кои што ги сакаа, за жени. |
3. | И рече Господ Бог: "Духот Мој нема вечно да пребива во лу ето, зашто тие се тело; ете деновите нивни нека им бидат сто и дваесет години." |
4. | А имаше во тоа време xинови на земјата, особоно, пак, кога синовите Божји почнаа да влегуваа при керките човечки и тие почнаа да им ра аат; тоа се силните лу е, прочуени од старото време. |
5. | И виде Господ Бог дека лошотиите ме у лу ето на замјата се големи, и дека сите мисли и помисли во срцата нивни беа зли во секое време. |
6. | И се покаја Бог што го беше создал човекот на земјата, па се огорчи во срцето Свое. |
7. | И рече Господ: "Kе ги истребам лу ето што сум ги создал, од земјата - од човекот до животното, sверовите и птиците небески - оти се кајам што ги создадов." |
8. | Но Ное најде милост пред очите на Господа Бога. |
9. | Еве го животот на Ноја: Ное беше човек праведен и непорочен во својот род; Ное живееше секогаш според вољата Божја. |
10. | И му се родија на Ное три сина: Сим, Хам и Јафет. |
11. | А земјата се израсипа пред лицето на Бога, и се исполни со неправда. |
12. | И погледна Господ Бог на земјата, и ете - таа беше расипана: бидејки секоја плот беше се отклонила од својот пат на земјата. |
13. | И му рече Господ Бог на Ноја: "Крајот на секое тело пред очите Мои дојде, зашто се исполни земјата со неправда од нив; и, еве, Јас ке ги истребам нив од земјата. |
14. | Изгради си за себе ковчег од дрвото гофер, и направи прегради во ковчегот; потоа намачкај го со смола одвнатре и однадвор. |
15. | А изгради го вака: должината на ковчегот да биде триста лакти, ширината негова педесет лакти, а во висина да е триесет лакти. |
16. | Направи и прозорец на ковчегот, и засводи го на еден лакот одозгора; стави му и врата на ковчегот отстрана и нека има три ката во него: долен, среден и горен. |
17. | Јас ке пуштам потоп, вода, на земјата, за да ја истребам под небото секоја плот, во која има дух животен, се, што е на земјата, ке изгине. |
18. | Но со тебе Јас ке направам завет Свој, а во ковчегот ке влезеш ти, и со тебе и синовите твои, и жената твоја, и жените на синовите твои. |
19. | И внеси во него исто така од сите животни, од секој добиток и од сите влекачи, и од секоја плот да има по две, за да останат со тебе во живот; а од машки и женски пол да бидат. |
20. | Од птиците според родот нивни, и од добитокот според родот негов, и од сите влекачи според нивниот род, и тоа се по две ке влезат при тебе, за да останат живи со тебе, пород од машки и женски пол. |
21. | И земи со себе секаква храна, со каква се хранат, и чувај ја при себе; тоа ке биде храната за тебе и за нив!" |
22. | И направи Ное се: направи така како што му заповеда Господ Бог. |
← Genesis (6/50) → |