← Genesis (50/50) |
1. | Тогаш Јосиф падна врз лицето од таткото свој, плака над него, и го целива. |
2. | И им заповеда Јосиф на гробарите, кои беа во негова служба, да го погребат таткото негов; и гробарите го погребаа Израилот. |
3. | И изминаа четириесет дена, зашто така се бројат деновите погребни, и го оплакуваше седумдесет дена. |
4. | Штом изминаа деновите на жалоста, им рече Јосиф на големците Фараонови, велејки: "Ако сум нашол милост пред вашите очи, зборувајте со Фараонот и речете му: |
5. | ‘Таткото мој ме заколна пред да умре и ми рече: - Во гробот мој, што го ископав во земјата хананска, таму да ме погребеш.‘ - Па сега би сакал да одам и да го погребам таткото мој, а потоа ке се вратам." И му рекоа на Фараонот според зборовоте Јосифови. |
6. | А Фараонот му рече на Јосифа: "Оди и погреби го таткото твој, штом те заколнал." |
7. | Потоа отиде Јосиф да го погребе таткото свој. А со него појдоа и сите слуги Фараонови, старешини од земјата египетска, |
8. | и целиот дом Јосифов и браката негови, и целиот дом на таткото негов и роднините негови. Овците и говедата ги оставија во земјата Гесем. |
9. | Со него тргнаа, исто така, коли и коњаници, толку многу, што претставуваа голема погребна придружба. |
10. | А кога дојдоа во Горни Хатад, кој е од онаа страна на Јордан, заплакаа таму многу силно и жално. И Јосиф го оплакуваше својот татко седум дена. |
11. | А лу ето од онаа земја хананска кога видоа плачење во Горни Хатад, рекоа: "Голема жалост имаат Египтјаните." Затоа тоа место го нарекоа "Абел Мисраим", односно, плач египетски: што е отаде Јордан. |
12. | И му направија синовите негови онака, како што им беше заповедал; |
13. | го однесоа синовите негови во земјата Хананска, и го погребаа во пештерата на нивата Макпела, што беше ја купил Авраам од Хетеецот Ефрон, спроти Мамре, за да има гробница. |
14. | А Јосиф се врати во Египет, - тој и браката негови, и сите, кои беа на погребението на неговиот татко. |
15. | Кога видоа браката Јосифови дека нивниот татко умре, си рекоа; "Да не би да си спомни Јосиф за нашата омраза, па да ни одмазди за сето зло, што му го направивме!" |
16. | Затоа дојдоа и му рекоа на Јосифа: "Татко ти остави клетва пред да умре и рече - |
17. | ‘Вака кажете му на Јосифа: Прости им ја на браката твои неправдата и гревот нивни, што ти го направија.‘ И ете, сега прости им го гревот на слугите на татковиот Бог." А Јосиф заплака, кога му го рекоа тоа. |
18. | Потоа дојдоа пред него и рекоа: "Еве, ние сме слуги твои." |
19. | Јосиф им рече: "Не плашете се, бидејки јас сум по Бога. |
20. | Вие помисливте лошо за мене, но Бог тоа го обрна во добро, за да се изврши она, што денес се случува: да се прехранат многу лу е." |
21. | И им рече: "Не плашете се, јас ке ве прехранам вас и вашите домови." Така ги утеши, зборувајки угодно. |
22. | И продолжи да живее Јосиф во Египет, самиот тој и браката негови и целиот дом на таткото негов: поживе сто и десет години. |
23. | И ги виде Јосиф синовите Ефремови до третото колено; а и синовите на Махир, синот Манасиев, што се родија на колената Јосифови. |
24. | Тогаш им рече на браката свои, велејки: "Јас ке умрам; но Бог вас секако ке ве посети и ке ве изведе од оваа земја во земјата, за која им се заколнал Бог на нашите татковци - на Авраама, на Исака и на Јакова." |
25. | Па ги заколна Јосиф синовите Израилеви и им рече: "Кога Бог ке ве посети вас, вие тогаш понесете ги коските мои одовде со вас!" |
26. | Потоа умре Јосиф кога имаше сто и десет години. И, го погребаа, го положија во ковчег во Египет. |
← Genesis (50/50) |