← Genesis (5/50) → |
1. | Ова е родословот на Адама. Кога Бог го создаде човекот, го создаде според образот Божји. |
2. | Маж и жена ги создаде, и ги благослови, и ги нарече - човек - во денот кога беа создадени. |
3. | Адам поживе двесте и триесет години, кога му се роди син според подобието свое и според образот свој, и му даде име Сит. |
4. | А откако го роди Сита, Адам поживе уште седумстотини години, ра ајки синови и керки. |
5. | И сите денови, што ги поживе Адам, изнесуваа деветстотини и триесет години; потоа тој умре. |
6. | Сит, пак, поживе двесте и пет години и му се роди Енос. |
7. | По ра ањето на Еноса, Сит живееше уште седумстотини и седум години, ра ајки синови и керки; |
8. | така поживе Сит вкупно деветстотини и дванаесет години; и умре. |
9. | Енос, пак, живееше сто и дваесет години, кога му се роди Каинан. |
10. | А откако го роди Каинана, Енос живееше уште седумстотини и петнаесет години, ра ајки синови и керки; |
11. | и така сите денови на Еносовиот живот изнесуваа деветстотини и пет години; потоа тој умре. |
12. | Каинан, пак, поживе сто и седумдесет години и го роди Малелеила; |
13. | а по ра ањето на Малелеила Каинан живееше уште седумстотини и четириесет години, ра ајки синови и керки. |
14. | И така Каинан поживе вкупно деветстотини и десет години; и умре. |
15. | А Мелелеил поживе сто шеесет и пет години, и го роди Јареда. |
16. | По Јаредовото ра ање Малелеил живееше уште седумстотини и триесет години, ра ајки синови и керки. |
17. | А сите денови од животот на Малелеила беа осумстотини деведесет и пет години; потоа тој умре. |
18. | Јаред, пак, поживе сто и шеесет години и го роди Еноха; |
19. | а откако го роди Еноха, Јаред живееше уште осумстотини години, ра ајки синови и керки. |
20. | Сите денови, пак, од животот на Јареда изнесуваа деветстотини шеесет и две години; и умре. |
21. | Енох, откако поживе сто шеесет и пет години, го роди Матусала; |
22. | а по ра ањето на Матусала, Енох одеше според вољата Божја двесте години, ра ајки синови и керки. |
23. | А сите денови од Еноховиот живот изнесуваа триста шеесет и пет години. |
24. | И Енох, живеејки според вољата Божја, исчезна, бидејки Бог го зеде. |
25. | Матусал, пак, поживе сто осумдесет и осум години, и го роди Ламеха; |
26. | па, откако го роди Ламеха, Матусал живееше уште седумстотини осумдесет и две години, ра ајки синови и керки; |
27. | а сите денови од животот на Матусала беа деветстотини шеесет и девет години; потоа умре. |
28. | Ламех, пак, откако поживе сто осумдесет и две години, доби син. |
29. | и го нарече Ное, велејки: овој ке не утеши во работите наши и во трудот на рацете наши на земјата, што Господ Бог ја проколна. |
30. | А откако се роди Ное, Ламех поживе уште петстотини шеесет и девет години, ра ајки синови и керки. |
31. | Така поживе Ламех вкупно седумстотини педесет и три години; и умре. |
32. | Ное имаше петстотини години, кога ги роди трите сина: Сима, Хама и Јафета. |
← Genesis (5/50) → |