← Genesis (49/50) → |
1. | Потоа ги повика Јаков синовите свои и им рече: "Соберете се, за да ви соопштам однапред, што ке се случи со вас во последните денови. |
2. | Соберете се и послушајте ме, вие синовите на Јакова, полушајте го Израилот таткото ваш - |
3. | Рувиме, сине мој првороден, ти се крепост моја и почеток на чедата мои; прв по достоинство и прв по сила. |
4. | Ти бликаш како вода; нема да се издигнеш, зашто се качи на татковото легло, и ја оскверни постелата моја, на која се качи. |
5. | Симеон и Левиј се брака, но направија оружје на неправда. |
6. | Во советувањата нивни да не влегува душата моја, и во собирот нивни да не учествува славата моја; бидејки тие во гневот свој убија лу е, а за своја веселба испокинаа жили на јунец. |
7. | Проклет да е гневот нивни, оти е жесток, и лутината нивна, зашто е свирепа; ке ги разделам во Јакова, и ке ги растурам во Израилот. |
8. | Јудо! Тебе ке те фалат браката твои, и рацете секогаш ке ти бидат врз плеките на непријателите твои; и тебе ке ти се клањаат синовите на таткото твој. |
9. | Јудо, лаве мој мал! Од грабеж се издигаш, сине мој. Се наведнуваш и легуваш како лав и лавица. Кој смее да те разбуди? |
10. | Нема да недостасува кнез од Јуда, и водач од бедрата негови, се дури не дојде Оној, Кому му припа а власта, и Он е надеж на народите. |
11. | Тој го врзува за лоза оселот свој, и прлето на неговата ослица за дебела прачка,; во вино ја пере облеката своја, а во крв од грозје облеклото свое; |
12. | очите му се повесели од вино и забите му се побели од млеко. |
13. | Завулон ке живее покрај море и при морско пристаниште, а границата ке му биде до Сидон; |
14. | Исахар го засака доброто, почивајки ме у огради; |
15. | па, откако виде дека почивката е добра и дека е земјата плодна, ги сви рамењата свои под трудот и стана земјоделец. |
16. | Дан ке му суди на својот народ, како и на секое племе Израилево. |
17. | Дан нека биде змија на пат што седи на раскрсница, која, штом го каснува коњот за нога, јавачот негов па а назад. |
18. | чекајки спасение од Господа. |
19. | А Гад, него незгоди ке го снајдат, но тој, одејки им по трагите, ке ги совлада. |
20. | Кај Асира ке има храна во изобилие, тој ке им дава храна на кнезовите. |
21. | Нефталим е како стебло разгрането, што развило убави гранки. |
22. | Јосиф е син мој издигнат, син ревносен, син мој најмлад, свртен кон мене! |
23. | Иако здоговорено те навредуваа, огорчуваа луто и иако силните ги управуваа стрелите во тебе, |
24. | се сотреа со сила нивните лакови и ослабнаа мускулите на рацете нивни од силната рака на Јакова: така Израилот, таткото твој ојакна од Бога. |
25. | И ти помогна мојот Бог и те благослови со благослов одозгора од небото, и со благослов од земјата, со благослов од сите гради, од сите утроби. |
26. | Благословите на таткото твој и на мајката твоја ги надминаа благословите на старите планини и благословите на вечните ридови; тие нека се спуштат над главата Јосифова, избраниот ме у браката, над кои господареше. |
27. | Венијамин е волк граблив, наутро јаде лов, а навечер го дели пленот." |
28. | Тоа се дванаесетте синови Јаковови, и тоа им го изговори таткото нивни, ги благослови: секого со благословот негов ги благослови. |
29. | Потоа им рече: "Јас се прибирам при родот свој, погребете ме при татковците мои, во пештерата што е во нивата на Хетеецот Ефрон. |
30. | Во пештерата, што се нао а во нивата Макпелска спроти Мамре, во земјата Хананска, која ја беше купил Авраам од Хетеецот Ефрон, за да има свој гробница. |
31. | Таму ги пограбаа Авраама и жената негова Сара, таму го погребаа и Исака и Ревека, жената негова, а таму ја погребаа и Лија; |
32. | во сопствената нива и пештерата, што е во неа, која е купена од синовите Хетееви." |
33. | И престана Јаков да им говори на синовите свои, го повлече нозете во постелата, па умре - и се прибра кај предците свои. |
← Genesis (49/50) → |