← Genesis (45/50) → |
1. | Тогаш Јосиф, не можејки повеке да се воздржи пред оние кои стоеја околу него, извика: "Одстранете ги сите од мене." И така никој не остана при Јосифа кога им се откри на браката свои. |
2. | Па заплака силно, така што чуја Египтјаните, а се чу и во домот на Фараонот. |
3. | И им рече Јосиф на браката свои: "Јас сум Јосиф! Дали е уште жив татко ми?" Но браката не можеа да му одговорат, бидејки се смутија пред него. |
4. | Но Јосиф им рече на браката свои: "Дојдете поблизу до мене!" И тие пристапија; а тој им рече: "Јас сум Јосиф, братот ваш, кого го продадовте во Египет. |
5. | А сега, пак, не жалостете се ниту да жалите што ме продадовте ваму, оти Бог ме прати мене пред вас, за да го запази животот ваш. |
6. | Оти има веке две години, откако настапи глад на земјата, а уште пет години остануваат, во кои ке нема ни орање, ниту жетва. |
7. | Затоа Бог ме прати пред вас, за да ве зачува на земјата, а и да ви го запази животот со големо избавување. |
8. | И така, не ме пративте вие ваму, туку Бог. Кој ме постави како татко на Фараонот и господар на целиот дом негов и кнез над целата земја Египетска. |
9. | Вратете се брзо кај таткото мој и кажете му: ‘Вака вели синот твој Јосиф - Бог ме постави за господар над целиот Египет; дојди при мене, не одлагај. |
10. | Kе живееш во земјата Гесем Арабиски и ке бидеш близу до мене, ти и синовите твои, и внуците твои, и овците твои, и воловите и се што е твое. |
11. | А јас ке се грижам ваму за прехраната твоја, зашто глад ке има на земјата уште пет години, та да не загинеш ти, и синовите твои, и се, што е твое. |
12. | И ете, гледате со очите ваши, и братот мој Венијамин со свои очи гледа, дека мојата уста ова ви го зборува. |
13. | Раскажете му на таткото мој за сета слава моја во Египет и за се што видовте, па поскоро доведете го ваму таткото мој." |
14. | Потоа го прегрна братот свој Венијамина и плачеше над него. А и Венијамин плачеше, над братот негов. |
15. | И ги целива сите брака свои и плачеше над нив, прегрнувајки ги. Потоа неговите брака разговараа со него. |
16. | Тогаш глас се пренесе во домот на Фараонот, дека пристигнале браката на Јосифа. И се зарадува Фараонот и слугите на неговите дворјани. |
17. | И му рече Фараонот на Јосифа: "Кажи им на браката твои - еве што ке направите: ‘Натоварете ги ослите ваши, и вратете се во земјата Хананска. |
18. | Па земете го таткото ваш и се што е ваше и дојдете кај мене, и ке ви ја дадам најубавата земја што ја има во Египет, и така вие ке живеете во изобилие во оваа земја.‘ |
19. | А тебе, пак, ти заповедам да им кажеш - Вака направете: "Земете со себе од земјата Египетска коли за децата ваши и за жените ваши, и поведете го таткото ваш, и дојдете ваму. |
20. | И немојте да жалите за покукнината ваша, зашто се, што е најубаво во земјата египетска, ке биде ваше." |
21. | И синовите Израилеви така постапија. А Јосиф им даде коли, по наредба на Фараонот; им даде и храна за по пат. |
22. | И на секого им даде по две облеки, а на Венијамина му даде триста сребреници и пет промени. |
23. | А и на татка си свој му испрати десет осли, натоварени со најубави работи, што имаше во Египет, и десет ослици, натоварени со жито и храна на татка му за по пат. |
24. | Тогаш ги испрати браката свои, и тие тргнаа; а им порача: "Немојте да се карате патем!" |
25. | И така тие излегоа од Египет, и стигнаа во земјата Хананска кај Јакова, таткото нивни. |
26. | И му раскажаа се, велејки: "Јосиф, синот твој е жив, и тој е господар над целата земја Египетска." А неговото срце се смути, зашто не им веруваше. |
27. | Но, кога му раскажаа за се, што им беше рекол Јосиф, и кога ги виде колите, што му ги беше испратил Јосиф, за да го земат, тогаш оживе духот на Јакова, таткото нивни. |
28. | И рече Израил: "Доволно е што е жив синот мој Јосиф; ке појдам да го видам, пред да умрам." |
← Genesis (45/50) → |