← Genesis (43/50) → |
1. | Но гладот се зголемуваше во таа земја. |
2. | А кога го изедоа житото, што го беа донеле од Египет, таткото нивни им рече: "Одете пак и купете ни малку храна." |
3. | Јуда му проговори и рече: "Оној човек јасно ни рече ‘Да не се јавувате пред лицето мое, ако вашиот помал брат не дојде со вас.‘ |
4. | Ако ги пуштиш со нас братот наш, ке одиме и ке ти купиме храна. |
5. | Ако, пак, не го пуштиш, тогаш нема да одиме, оти оној човек ни рече - ‘Нема да го видите лицето мое, ако вашиот брат не биде со вас‘." |
6. | Но Израил рече: "Зошто ми направивте такво зло и му рековте на човекот дека имате уште еден брат?" |
7. | А тие одговорија: "Човекот подробно се распрашуваше за нас и за родот наш, велејки: ‘Дали е уште жив таткото ваш? Имате ли уште брака?‘ И ние му одговоривме како што не прашуваше. Можевме ли да знаеме дека ке рече: ‘Доведете го братот ваш!‘" |
8. | А Јуда му рече на Израила, таткото свој: "Пушти го малиот со мене, па ке се кренеме и ке отидеме за да останеме живи, и да не изумреме ни ние, ниту ти, ни нашите деца. |
9. | Јас ке одговарам за него, од моја рака ке го бараш. Ако не ти го доведам и не го претставам пред тебе, ке бидам виновен пред тебе до крајот на мојот живот. |
10. | Да не се двумеше толку, веке досега можеби двапати ке се вратевме." |
11. | Тогаш Израил, таткото нивни, рече: "Ако е така, еве што ке направите - земете плодови од оваа земја, и ставете ги во вашите вреки, па однесете му ги како подарок на оној човек; малку балсам, малку мед, темјан, зачини, мирилива смола, па и ореви и бадеми. |
12. | А пари, со себе земете двојно повеке, оти ке треба да ги вратите парите, што ги најдовте под грлата на вашите враки; можеби е грешка. |
13. | Земете го и братот ваш, па станете и одете пак кај оној човек. |
14. | А семокниот Бог да ви даде да најдете милост кај оној човек, па да ви го пушти и другиот ваш брат, и Венијамина. А јас, пак, ако треба веке да останам без деца, па нека останам." |
15. | Тогаш тие ги зедоа подароците и пари двојно повеке, го зедоа и Венијамина, па станаа и отидоа во Египет и излегоа пред Јосифа. |
16. | А Јосиф кога го виде со нив и Венијамина, својот едноутробен брат, му рече на човекот што управуваше со куката негова: "Одведи ги овие лу е дома, па заколи нешто од добитокот и зготви го, оти тие на пладне со мене ке ручаат." |
17. | И направи човкот така како што му рече Јосиф, и ги одведе лу ето во домот Јосифов. |
18. | А тие лу е се уплашија, кога човекот ги водеше во домот Јосифов, и рекоа: "Заради парите, што се најдоа порано во вреките наши, не водат, додека не смислат нешто, па да не обвинат, за да не заробат нас и ослите наши." |
19. | И му пристапија на човекот, што управуваше со домот Јосифов, и му проговорија пред вратата на куката |
20. | и рекоа: "Чуј не, господару! Ние и порано бевме овде, за да купиме храна. |
21. | Но кога бевме на нокевање, ги отворивме вреките, а тоа - парите на секого од нас беа одозгора во вреките наши; и еве во иста количина ги вракаме со свои раце, |
22. | а и други пари донесовме, да купиме храна; ние не знаеме кој ни ги стави парите наши во вреките." |
23. | А тој одговори: "Бидете спокојни, не плашете се, вашиот Бог и Бог на таткото ваш го ставил среброто во вреките ваши; парите ваши стигнаа при мене." И им го изведе Симеона. |
24. | И ги воведе човекот во домот Јосифов и им донесе вода, за да ги измијат нозете; а им даде и храна за ослите нивни. |
25. | И ги приготвија подароците, чекајки дури да дојде Јосиф на пладне, оти чуја дека тука ке ручаат. |
26. | А кога дојде Јосиф дома, му ги изнесоа подароците, што ги имаа при себе, и му се поклонија доземи. |
27. | Потоа тој ги праша за здравјето и рече: "Добар ли е вашиот татко, за кого ми зборувавте? Жив ли е уште?" |
28. | А тие одговорија: "Жив е слугата твој, нашиот татко, и здрав е." Па се наведнаа и му се поклонија. |
29. | Кога ги подигна Јосиф очите свои, го виде братот свој, Венијамина, едноутробниот брат свој, и рече: "Овој ли е најмалиот брат ваш, за кого ми рековте дека ке ми го доведете?" И додаде: "Бог нека те милува синко!" |
30. | Тогаш Јосиф побрза надвор, оти срцето му се беше возбудило поради братот негов. Му дојде да заплаче, па влезе во една соба и таму плачеше. |
31. | Потоа се изми и излезе, и воздржувајки се рече: "Принесете јадење!" |
32. | И му донесоа, нему посебно, ним одделно, и на Египтјаните посебно, што ручаа кај него, зашто Египтјаните не можат да јадат со Евреите, оти тоа би им било неугодно на Египтјаните. |
33. | И седнаа тие пред него, постарите според возраста нивна, а помладите според младоста нивна, па се погледаа, чудејки се. |
34. | И нареди тој по дел од јадењата што беа пред него, да ги носат пред нив, а делот на Венијамина беше петпати поголем од делот на секого од нив. И пиеја и се нагостија со него. |
← Genesis (43/50) → |