← Genesis (42/50) → |
1. | Кога Јаков чу дека во Египет има жито, им рече на синовите свои: "Што чекате?" |
2. | И им рече: "Ете, слушам дека во Египет има жито; одете таму и купете ни жито, за да останеме живи и да не умреме." |
3. | И десетмината брака Јосифови отидоа во Египет да купат жито. |
4. | А Венијамина, братот Јосифов, Јаков не го пушти со браката негови, велејки: "За да не го снајде по патот некоја несрека." |
5. | И дојдоа синовите Израилеви да купат жито заедно со другите што доа аа, бидејки и во земјата Хананска владееше глад. |
6. | А Јосиф беше управител во земјата; тој и му продаваше жито на сиот народ од таа замја. И браката Јосифови, кога дојдоа, му се поклонија до лицето доземи. |
7. | А Јосиф, штом ги виде браката свои, ги позна; но се држеше настрана од нив, и остро им проговори и рече: "Од каде сте дојдени?" А тие одговорија: "Од земјата Хананска, да купиме храна." |
8. | Јосиф, пак, ги позна браката свои, но тие него не го познаа. |
9. | И се сети Јосиф за соништата, што ги беше сонил за нив, па им рече: "Вие сте разузнавачи. Сте дошле да ги извидите слабите места на оваа земја." |
10. | А тие му рекоа: "Не сме, господару, туку слуги твои, што дошле да купат храна; |
11. | сите сме синови на еден човек, чесни лу е сме; слугите твои никогаш не биле разузнавачи." |
12. | Тој, пак, им рече: "Не, туку сте дошле да извидите каде е слабоста на оваа земја." |
13. | А тие рекоа: "Ние бевме дванаесет брака, слугите твои, синови на еден човек во земјата хананска; и, ене, најмалиот денес е со таткото наш, едниот го нема веке." |
14. | Тогаш Јосиф им дофрли: "Ви реков јас - вие сте разузнавачи. |
15. | Туку вака сакам да се уверам: Се колнам во животот на Фараонот, дека вие нема да излезете одовде, ако не дојде ваму најмалиот брат ваш. |
16. | Испратете еден од вас, и тој нека го доведе вашиот брат; а вие ке бидете задржани овде додека не видам дали е вистина тоа што го велите; инаку сте разузнавачи, жими животот на Фараонот." |
17. | И ги стави под стража за три дена. |
18. | А на третиот ден им рече: "Ако сакате да останете живи, еве што ке направите, зашто јас се плашам од Бога: |
19. | ако сте чесни лу е, еден брат од вас нека остане овде под стража, а вие одете и однесете го купеното жито колку што им треба на вашите семејства. |
20. | А потоа доведете го кај мене најмалиот брат ваш, за да се потврдат зборовите ваши. Ако ли не, ке загинете." И тие постапија така. |
21. | И си рекоа еден на друг: "Тешко нам! Ова е казната поради братот наш; не ја почувствувавме маката на душата негова кога ни се молеше, но ние се оглушивме. О затоа и не снајде ова зло." |
22. | А Рувим им одговори, велејки: "Зар не ви реков јас - не грешете му на детето? Но вие не ме послушавте; и, еве, сега од нас се бара крвта негова." |
23. | А тие на знаеја дека Јосиф ги разбира, зашто се него разговараа преку преведувач. |
24. | Тогаш Јосиф се оддели од нив и заплака. Потоа пак се врати при нив, и проговори со нив, па земајки го од нив Симеона, го врза пред очите нивни. |
25. | И заповеда Јосиф да им ги наполнат вреките нивни со жито, а парите, кој колку што дал, да им ги вратат секому во вреката, и да им дадат храна за по пат. И така беше направено. |
26. | Па, откако го натоварија житото на ослите свои, си заминаа оттаму. |
27. | А еден од нив, кога нокеваа, ја отвори вреката, за да го нахрани ослето свое, и ги виде парите свои одозгора во вреката; |
28. | им рече на браката свои: "Јас ги добив парите мои назад, еве ги во мојава врека." И затрепери срцето во нив. Се уплашија и си рекоа: "Што ни го направи Бог ова!" |
29. | И, откако дојдоа кај Јакова, таткото нивни, во земјата Хананска, му раскажаа за се, што им се случи, велејки: |
30. | "Остро зборуваше со нас човекот, што заповеда во таа земја, и не задржа в затвор како разузнавачи. |
31. | А ние му рековма дека сме чесни лу е, никогаш не сме биле разузнавачи. |
32. | Дванаесет брака сме синови на нашиот татко; едниот веке го нема, а најмалиот е денес со таткото наш, во земјата Хананска. |
33. | Но човекот што заповеда во таа земја, ни рече: ‘Вака ке дознаам дали сте чесни лу е. Еден од браката нека остане овде кај мене, а вие купеното жито земете го и одете си. |
34. | А потоа доведете го при мене братот ваш најмал, за да се уверам дека не сте разузнавачи, туку чесни лу е. Тогаш братот ваш ке ви го пуштам, и ке можете да тргувате во оваа земја." |
35. | И празнејки ги вреките свои, за чудо, секој си го најде во вреката своето кесе со парите негови. Кога ги видоа кесињата со парите нивни, тие и таткото нивни се уплашија. |
36. | И им рече Јаков, нивниот татко: "Децата ми ги запустивте; Јосифа го нема, го нема и Симеона, па и Венијамина ли ке ми го земете? Сето ова на мене се струпа." |
37. | Тогаш проговори Рувим и му рече на таткото свој: "Двата мои сина уби ги, ако не ти го доведам; дај го во мои раце, и јас ке ти го вратам." |
38. | А тој рече: "Нема да појде син ми со вас, зашто брат му негов умре и тој остана сам; па, ако се случи некоја несрека на патот, по кој ке одите, стар ке ме турнете со тага в гроб." |
← Genesis (42/50) → |