← Genesis (41/50) → |
1. | А по две години сони сон Фараонот - како стои крај една река. |
2. | И одеднаш - од реката излегоа седум убави и дебели крави, па почнаа да пасат на брегот; |
3. | а по нив, потоа, од реката излегоа други седум крави, грди и слаби и пасеа со другите крави на брегот. |
4. | И седумте грди и слаби крави ги изедоа оние седум убави и дебели крави, и не се познаваше дека ги изеле. Тогаш се разбуди Фараонот. |
5. | Потоа видел втор сон, а тоа - седум класја израснале од едно стебло, јадри и убави; |
6. | а по нив израснале седум празни, исушени од ветар. |
7. | Потоа празните и исушените класја ги изеле седумте големи и јадри класја. Тогаш Фараонот се разбуди, но тоа било сон. |
8. | Утредента беше тој вознемирен во душата, та нареди, и беа повикани сите гаталци египетски и сите мудреци. И Фараонот им раскажа што сонил, но никој не се најде да го протолкува сонот на Фараонот. |
9. | Тогаш му проговори на Фараонот главниот пехарник и рече: "Денес се сетив за гревот мој. |
10. | Кога Фараонот се налути на слугите свои и не фрли в затвор во куката на заповедникот стражарски, мене и старешината над лебарите, |
11. | сонувавме во иста нок јас и тој, но секој од нас свој сон видовме по своето значење. |
12. | А таму со нас беше еден млад Евреин, слуга на заповедникот на стражата; ние му ги раскажавме соништата наши, а тој на секого од нас му го протолкува сонот. |
13. | И како што ни кажа, така и стана: мене ме врати Фараонот на мојата служба, а оној другиот беше обесен." |
14. | Тогаш Фараонот нареди, та го повикаа Јосифа, и брзо го изведоа од затворот, а тој се острига и се преоблече, па излезе пред Фараонот. |
15. | А Фараонот му рече на Јосифа: "Сонив сон, а никој не може да ми каже што значи: а за тебе слушам умееш да толкуваш соништа." |
16. | Јосиф му одговори на Фараонот и рече: "Без Бога не може да му се даде на Фараонот точен одговор." |
17. | И му рече фараонот на Јосифа, велејки: "Сонив, како стојам крај брегот на една река; |
18. | и одеднаш - од реката излегоа седум дебели и убави крави, па почнаа да пасат по брегот; |
19. | и ете, по нив други седум крави излегоа, многу грди и слаби во телото, какви што не сум видел полоши во целата земја Египетска, толку грди крави. |
20. | И оние крави, слаби и грди, ги изедоа оние седум дебели. |
21. | А кога им беа во стомакот, не се познаваше дека им се во стомакот, туку пак беа така грди како порано. Тогаш се разбудив. |
22. | Па пак сонив, а тоа - седум класја израснаа од едно стебло, јадри и убави; |
23. | а по нив израснаа седум тенки и празни класја, исушени од ветар. |
24. | И седумте празни класја исушени од ветрот ги проголтаа седумте јадри и убави класја. И сево ова им го раскажав на гаталците, но ниеден не знаеше да ми објасни." |
25. | А Јосиф му рече на Фараонот: "Сонот Фараонот е еден: Господ му јавува на Фараонот, што ке прави. |
26. | Седумте убави крави се седум години, и седумте убави класја се пак седум години; и обата сона Фараонови се еден сон. |
27. | Седумте слаби и грди крави, кои излегоа по оние, се седум години; и седумте класја празни и истенчени од ветар се седум години; ке има седум години глад. |
28. | Тоа е она што веке му го реков на Фараонот: Бог му кажува на Фараонот што ке прави. |
29. | Ете, ке дојдат седум години многу родни по целата земја Египетска; |
30. | а по нив ке настапат седум години гладни; ке се заборави сето она изобилство во земјата Египетска, и глад ке ја сотре земјата. |
31. | Кога ке се појави гладта, нема да се знае дека во земјата порано имало изобилие - поради гладот - што ке дојде, оти ке биде многу голем. |
32. | А тоа, што Фараонот сонил двапати едноподруго, значи дека Божјиот збор е вистински и дека Бог наскоро ке го направи тоа. |
33. | А сега Фараонот нека побара човек мудар и разумен, па да го постави над земјата Египетска. |
34. | И нека заповеда Фараонот да бидат поставени старешини по земјата, па да собираат петина од сите жетви по земјата Египетска во текот на седумте родни години; |
35. | нека собираат тие секаква зрнена храна во седумте родни години што доа аат; житото да го собираат во градовите со овластување од Фараонот и храната во градовите да се чува. |
36. | И таа храна да биде запазена за седумте гладни години што ке настапат во земјата египетска, за да не пропадне земјата од глад." |
37. | Неговиот одговот му се свиде на Фараонот и на сите слуги негови. |
38. | Па им рече Фараонот на слугите свои: "Зар можеме да најдеме чевек, како што е овој, во кого има дух Божји?" |
39. | И му рече Фараонот на Јосифа: "Бидејки Бог тебе ти го откри сево ова, тоа нема човек толку мудар и поразумен како што си ти. |
40. | Ти ке бидеш над домот мој, и целиот народ мој ке го слуша зборот твој; само со престолот ке бидам поголем од тебе." |
41. | И уште му рече Фараонот на Јосифа: "Еве, те поставувам денес тебе над целата земја Египетска." |
42. | И го извади Фараонот прстенот од раката своја и му го стави на Јосифа на рака, и го облече во облека, од најфина ткаенина, и му стави златна веришка околу вратот. |
43. | И заповеда да го возат во неговата втора кола, а гласник пред него да извикува; "Абрек! (Поклонувајте се!)" И го постави над целата земја Египетска. |
44. | И уште му рече Фараонот на Јосифа: "Јас сум Фараон, но без тебе никој нема да крене рака, ни нога во целата земја Египетска. |
45. | И го нарече Фараонот Јосифа Пеонтомфаних; и го ожени со Асенета, керката на Петефри, илиополски жрец. |
46. | А Јосиф имаше триесет години, кога се претстави пред Фараонот, царот египетски. И, откако отиде од Фараонот, тој ја обиколи целата земја Египетска. |
47. | И за седум родни години земјата роди во изобилство. |
48. | И собираше Јосиф за тие седум години секаков вид жито, што го даваше земјата Египетска, и го носеше житото во градовите; во секој град го носеше житото од околните ниви. |
49. | Така насобра Јосиф многу жито, колку што е песокта морска, така што престанаа да го мерат, зашто немаше број. |
50. | А пред да настана гладните години, му се родија на Јосифа два сина, кои му ги роди Асенета, керката на Петефри, жрецот илиополски. |
51. | И на првородениот Јосиф му стави име Манасија, велејки: "Оти Бог ми направи да ги заборавам несреките мои и целиот дом на мојот татко." |
52. | А вториот го нарече Ефрем, велејки: "Бидејки Бог ме направи плоден во земјата на маките мои." |
53. | Но изминаа седумте родни години во земјата Египетска, |
54. | и настапија седумте гладни години, како што беше рекол Јосиф. И настана глад по сите земји, а во целата земја Египетска имаше леб. |
55. | Но, кога почна да гладува и земјата египетска, народот му записка на Фараонот за леб. А Фараонот им рече на сите Египтјани: "Одете кај Јосифа, па како што ке каже тој, така правете." |
56. | А кога гладот се прошири во целата земја, ги отвори Јосиф сите житници и почна да им продава на Египтјаните жито, оти гладот стана жесток и во земјата Египетска. |
57. | И од сите земји доа аа во Египет, да купуваат жито од Јосифа, бидејки настана голем глад насекаде. |
← Genesis (41/50) → |