← Genesis (40/50) → |
1. | Потоа се случи, пехарникот на царот египетски и лебарот да му згрешат на господарот свој, царот египетски. |
2. | И Фараонот се разгневи над тие двајца дворјани, на старешината над пехарниците и на старешината над лебарите, |
3. | па ги стави под стража во куката на заповедникот на стражата, каде што Јосиф беше затореник. |
4. | А заповедникот на стражата ги предаде на Јосифа тој да ги пази. И останаа тие таму некое време. |
5. | И обајцата сонија сон во иста нок, секој по значењето на својот сон за себе, и пехарникот и лебарот на царот египетски, кои беа затворени во темницата. |
6. | А утредента, кога дојде Јосиф кај нив, ги виде, а тие беа невесели. |
7. | Па ги запраша дворјаните Фараонови, кои беа под стража заедно со него во куката на господарот негов, и рече: "Што ви се денес лицата толку нажалени?" |
8. | А тие му одговорија: "Обајцата сонивме сон, а нема кој да ни го протолкува." Јосиф им рече: "Што значат, не ли е тоа во Бога? Раскажете ми ги!" |
9. | И старешината над пехарниците му го раскажа сонот свој на Јосифа, велејки "Ете, пред мене лоза, |
10. | на лозата имаше три прачки; и таа запупи и расцути, врза грозје, кое узреа; |
11. | а во раката ми беше чашата Фараонова, зедов еден грозд, го истискав во Фараоновата чаша и му ја дадов чашата на Фараонот в рака." |
12. | Јосиф му рече: "Еве го значењето: трите прачки лозови се три дена. |
13. | По три дена Фараонот ке те помилува и пак ке те постави на поранешната служба; и одново ке му ја подаваш чашата во раката негова како и порано, кога му беше пехарник. |
14. | Но, кога ке ти биде добро, сети се на мене и направи ми добро; спомни му на Фараонот за мене и изведи ме од оваа тврдина; |
15. | оти ме украдоа од земјата Еврејска; а и овде ништо лошо не сум направил, за да бидам фрлен во затвор." |
16. | А кога виде старешината над лебарите колку добро му го протолкува сонот, му рече на Јосифа: "И јас сонив: и тоа - на главата моја три кошници леб; |
17. | во најгорната кошница имаше се што јаде Фараонот, што го прават пекарите; и птици небески колваа од кошницата над мојата глава." |
18. | А Јосиф одговори и рече: "Тоа значи - три кошници се три дена. |
19. | По три дена Фараонот ке ти ја земе главата и ке те обеси на дрво, а птиците ке колваат од телото твое." |
20. | И кога дојде третиот ден, а тоа беше денот во кој се родил Фараонот, тој им приреди гозба на своите слуги, па се сети на старешината над пехарниците и на старешината над лебарите поме у слугите свои; |
21. | И го врати старешината над пехарниците на поранешната служба, за да му ја подава чашата на Фараонот, |
22. | додека старешината над лебарите го обеси на дрво, како што беше рекол Јосиф. |
23. | Но старешината над пехарниците не си спомна за Јосифа, туку го заборави. |
← Genesis (40/50) → |