← Genesis (4/50) → |
1. | Потоа Адам ја позна жената своја Ева, која зачна и го роди Каина, и рече: "Придобив човек од Господа!" |
2. | Го роди уште и брата му Авела. И Авел стана овчар, а Каин беше земјоделец. |
3. | По некое време Каин му принесе на Господа дар од плодовите земни; |
4. | а и Авел исто така принесе од првината на стадото свое и од маста. И Господ погледна милозливо на Авела и на неговите дарови; |
5. | а на Каина и на неговите дарови не погледна милозливо. Затоа Каин се огорчи многу, и лицето му потемне. |
6. | Тогаш му рече Господ Бог на Каина: "Зошто се огорчи? Зошто се помрачи лицето твое? |
7. | Зарем, кога правиш добро, не го креваш ли лицето? А ако не правиш добро, тогаш гревот е пред вратата: тој те влече кон себе, но ти надвладај го!" |
8. | И му рече Каин на својот брат Авела: "Да појдеме в поле!" А кога беа во полето, Каин скокна на Авела, братот свој, и го уби. |
9. | Тогаш му рече Господ Бог на Каина: "Каде е братот твој, Авел?" А тој одговори: "Не знам; зар сум јас чувар на братот мој?" |
10. | А Господ рече: "Што направи? Чуј! Гласот на крвта од братот твој вика од земјата кон Мене. |
11. | Затоа да си проклет од земјата, што ја отвори устата своја да ја прими крвта на братот од раката твоја. |
12. | Кога ке ја обработуваш земјата, таа нема повеке да ти ја дава својата сила; ти ке бидеш изгнаник и скитник по земјата!" |
13. | А Каин му рече на Господа: "Казната моја е толку голема, што не може да се носи. |
14. | Ете, данес ме истеруваш од лицето на земјата, и од лицето Твое ке се кријам и ке бидам изгнаник и скитник по земјата: значи, секој што ке ме сретне, ке ме убие." |
15. | А Господ Бог му рече: "Тоа нема да се случи; оти, кој ке го убие Каина, седумпати ке се казни!" И му стави Господ Бог знак на Каина, за да не го убие никој, кој ке го сретне. |
16. | И си отиде Каин од пред лицето на Господа, и се насели како изгнаник во земјата Наит, источно од Едем. |
17. | И ја позна Каин жената своја, а таа забремени и го роди Еноха. Потоа соsида град и го нарече според името на својот син Енох. |
18. | На Еноха му се роди Гајдад; а Гајдад го роди Малелеила; Малелеил, пак, го роди Матусала, а Матусал го роди Ламеха. |
19. | Ламех зеде две жени: на едната и беше името Ада, а на другата Села. |
20. | Ада го роди Јовила, а од него се изродија оние, што пасат добиток и живеат под шатори. |
21. | А на братот негов името му беше Јувал; од него се народија гуслари и свирачи. |
22. | Села, пак, го роди Товела, кој беше ковач на секакви работи од бакар и железо; а сестра на Товела му беше Ноема. |
23. | И им рече Ламех на жените свои, Ада и Села: "Чујте го гласот мој, жени Ламехови; послушејте ги зборовите мои: ке убијам човек, кој ке ме рани, и младич, ако ме удри. |
24. | Ако Каин ке се одмазди седумпати, Ламех ке се одмазди седумдесет и седумпати!" |
25. | Адам, пак, ја позна жената своја, и таа му роди син, и му даде име Сит. Зашто рече: "Господ ми даде син место Авела, кого го уби Каин." |
26. | И на Сит му се роди син, кого го нарече Енос. Тогаш почна да се призовува името на Господа Бога. |
← Genesis (4/50) → |