← Genesis (39/50) → |
1. | А Јосифа го одведоа во Египет. И Петефри, дворјанинот Фараонов, заповедник на стражата, Египтјанин, го купи од Исмаилците, кои го доведоа таму. |
2. | И Господ беше со Јосифа, та затоа беше задоволен, и живееше во куката од господарот свој, Египтјанинот. |
3. | И господарот негов виде дека е Господ со него и дека се што работеше тој, Господ правеше да успева во рацете негови. |
4. | И Јосиф се здоби со милост кај овој господар, и му угодуваше. Најпосле го постави над целиот свој дом, и се што имаше, го предаде во рацете негови. |
5. | А кога го постави над домот свој и над се што имаше, оттогаш Господ го благослови домот на Египтјанинот заради Јосифа; и благословот Господов беше над се, што имаше во куката и во полето негово. |
6. | И остави во Јосифовите раце се за што имаше, и не се грижеше веке за друго, освен за лебот, што го јадеше сам. А Јосиф беше со убава става и со красиво лице. |
7. | И се случи, по некое време, жената на господарот негов, да се загледа во Јосифа, и му рече: "Легни со мене!" |
8. | А тој одби и и рече на жената од господарот свој: "Ете, господарот мој не се грижи веке за ништо што има во куката, туку се што имаше, ми го предаде мене во рацете. |
9. | Ни самиот не е поголем од мене во својот дом; и тој ништо не ми забранил, освен тебе, зашто си му жена; па како јас да направам толку големо зло и да грешам пред Бога?" |
10. | И така таа му зборуваше на Јосифа за тоа секој ден, но тој не ја послуша да легне со неа, ниту да се задржува кај неа. |
11. | Се случи еден ден тој да дојде во куката по своја работа, а таму дома да нема никого од домашните. |
12. | Тогаш таа го фати за облеката и му рече: "Легни со мене!" Но тој, оставајке ја облеката своја во рацете нејзини, избега и си отиде. |
13. | А таа, кога виде дека тој ја остави во рацете нејзини облеката своја и избега, |
14. | ги викна своите домашни, па им рече, велејки: "Гледајте, ни довел човек Евреин за да не срамоти. Дојде при мене и рече: ‘Легни со мене!‘ Но јас извикав на сиот глас. |
15. | А тој, кога чу дека го подигнав гласот и извикав, ја остави облеката своја кај мене и избега, па си отиде." |
16. | И таа ја задржа облеката негова кај себе, додека си дојде господарот во домот свој. |
17. | А тогаш и нему му ја кажа истата работа, велејки: "Слугата Евреинот, што го доведе кај нас, дојде кај мене да ме срамоти и ми рече: ‘Да бидам со тебе!‘ |
18. | Но кога чу дека подигнав глас и извикав, тој ја остави облеката своја кај мене и си избега." |
19. | Кога ги чу господарот негов зборовите на жената своја, која му рече: "Ова ми го направи слугата твој," - се разгневи многу. |
20. | И го фати господарот Јосифа, па го фрли в затвор, каде што лежеа затворениците царски. И тој остана таму, во затворот. |
21. | Но Господ беше со Јосифа и излеа милост Своја над него и направи да му омили на старешината на затворската стража. |
22. | И му ги довери началникот на затворската стража на Јосифа сите затвореници во затворот; и се што требаше да се сврши, тој го вршеше. |
23. | И старешината на затоврот не надгледуваше ништо: се беше во Јосифовите раце, зашто Господ беше со него; и се што правеше, Господ делуваше да успева во рацете негови. |
← Genesis (39/50) → |