← Genesis (38/50) → |
1. | А во тоа време Јуда се оддели од браката свои, и се настани кај некој човек Одоламеец, по име Ирас. |
2. | И таму ја виде Јуда керката на некој Хананеец, чие име беше Сава, и ја зеде и влезе при неа. |
3. | Таа забремени, и роди син; и тој го нарече Ир. |
4. | Одново зачна, и пак роди син, и нему му стави име Онан. |
5. | И пак роди син, и го именува Силом. А Јуда беше во Хасафија, кога таа ги роди овие. |
6. | И Јуда го ожени првородениот син свој Ир со девојката по име Тамара. |
7. | Но Ир, првенецот Јудин, беше лош пред Господа, и Бог го погуби. |
8. | Тогаш Јуда му рече на Онана: "Влези при вдовицата од братот твој, и ожени се со неа, за да го запазиш потомството на братот твој." |
9. | А Онан, знаејки дека породот нема да биде негов, кога влегуваше при жената на братот свој, го истураше семето наземи, за да не му даде потомство на братот свој. |
10. | Но тоа што го правеше, беше зло пред очите на Бога, па затоа и него го погуби. |
11. | Тогаш Јуда, по смртта на обата свои синови, и рече на Тамара, снаата своја: "Живеј како вдовица во куката на таткото твој додека порасне синот мој." Оти си велеше во себе да не умре и тој како браката негови. И отиде Тамара, и живееше во куката на својот татко. |
12. | Измина многу време и умре керката на Сава, жената Јудина. А кога Јуда се утеши, појде во Тамна кај лу ето што му го стрижеа стадото, тој сам и неговиот пријател Ирас, Одоламеецот. |
13. | И и јавија на Тамара, снаата негова: "Ете, свекорот твој оди во Тамна да ги стриже овците свои." |
14. | А таа ја соблече од себе вдовичката облека и се облече во летна облека, си стави превез, па седна пред портата на Енаим, на патот за Тамна. Зашто виде, дека Силом беше пораснал, а неа уште не му ја даваа за жена. |
15. | Кога ја виде Јуда, помисли дека е блудница, зашто таа го беше покрила лицето свое, и не ја позна. |
16. | И тој се одби при неа и и рече: "Дозволи ми да влезам при тебе!" Зашто не ја позна дека му е снаа. А таа рече: "Што ке ми дадеш, ако влезеш при мене?" |
17. | А тој одговори: "Kе ти испратам јаре од стадото." А таа му рече: "Но да ми дадеш залог, додека не го испратиш." |
18. | А тој рече: "Каков залог да ти дадам?" А таа му одговори: "Својот прстен, крпата и стапот што ти е во раката." И тој и ги даде, па влезе при неа; и таа зачна од него. |
19. | Потоа таа стана и си отиде; ја сметна летната облека од себе и ја облече вдовичката облека. |
20. | А Јуда испрати јаре по овчарот свој, Одоламеецот, за да си го поврати залогот од жената и тој не ја најде. |
21. | Па ги праша лу ето од она место, велејки: "Каде е блудницата што беше на распакето во Енаим?" А тие одговорија: "Овде немаше блудница." |
22. | И тој се врати кај Јуда и рече: "Не ја најдов. Дури мештаните ми рекоа дека таму немало блудница." |
23. | А Јуда рече: "Нека си ги задржи, само да не ми се смеат; јас и го испратив и јарето, но ти не ја најде." |
24. | А кога изминаа околу три месеци, му јавија на Јуда, велејки: "Тамара, снаата твоја се оддала на блуд и, ете, бремена е од блуд." А Јуда рече: "Изведете ја за да се запали!" |
25. | А кога ја поведоа, таа прати на свекорот нејзин да му кажат: "Од човек, чие е она - сум зачнала." Уште додаде: "Од оној, чиј е прстенов, крпава и стапов!" |
26. | А Јуда ги препозна, па рече: "Таа е поправедна од мене, бидејки не ја дадов на синот свој Силом." И повеке не влезе при неа. |
27. | И кога дојде времето да роди, а тоа - близнаци во утробата нејзина. |
28. | И кога се породуваше, едното дете ја покажа раката, а бабицата зеде и му врза црвен конец околу раката, велејки: "Овој е првенец." |
29. | Но тоа ја повлече раката, и ете излезе неговото братче, а таа рече - како ја пресече обвивката, па пресек нека ти биде. И му ставија име Фарес. |
30. | А потоа излезе неговото братче со црвен конец на раката. Нему му ставија име Зара. |
← Genesis (38/50) → |