← Genesis (37/50) → |
1. | Јаков живееше во земјата, во која беше придојден неговиот татко Исак, во земјата Хананска. |
2. | Еве го животот на Јакова: кога беше на седумнаесетгодишна возраст Јосиф го пасеше добитокот на татка си со браката свои, со синовите на Вала и со синовите на Зелфа, жените на неговиот татко. Јосиф му носеше лоши гласови на татка си за нив. |
3. | А Јаков го сакаше Јосифа многу повеке од сите синови свои, зашто му се роди под староста, и му направи шарена облека. |
4. | А браката, гледајки дека таткото нивни го сака многу повеке од сите синови свои, го замразија, така што не можеа убав збор да му кажат. |
5. | Притоа Јосиф сони сон и им го раскажа на браката свои. |
6. | И им рече: "Чујте го сонот што го сонив - |
7. | врзуваме снопја во полето, и одеднаш мојот сноп се исправи, и застана прав, а вашите снопови се распоредија наоколу и му се поклонија на снопот мој." |
8. | Тогаш браката му рекоа: "Да не би ке станеш уште цар наш и да ни заповедаш?" Затоа уште повеке го замразија, поради соништата негови и поради зборовите негови. |
9. | Потоа тој сони и втор сон, и им го раскажа на татка си и на браката свои, велејки: "Видов и уште еден сон, а тоа - сонцето и месечината и единаесетте sвезди ми се клањаа." |
10. | Но татко му го прекори и рече: "Каков е тој сон што си го сонил? Зар јас и мајката твоја, и браката твои, ке дојдеме тебе да ти се поклониме доземи?" |
11. | И му позавидоа браката негови; но таткото негов ги чуваше тие зборови. |
12. | Еднаш браката негови отидоа да ги пасат стадата на таткото нивни кај Сихем. |
13. | Тогаш Израил му рече на Јосифа: "Браката твои не го пасат ли доботокот кај Сихем? Ајде да те испратам при нив." А тој рече: "Добро, одам." |
14. | И уште му рече Израил: "Отиди и види како се браката твои и како е добитокот, па јави ми." И го испрати од долината Хевронска; и тој отиде во Сихем. |
15. | И човек еден го најде како скита по полето, па го запраша, велејки му: "Што бараш?" |
16. | А тој одговори: "Ги барам браката мои; кажи ми, те молам, каде го пасат добитокот?" |
17. | А човекот рече: "Тие си заминаа одовде, зашто чув како велат - ајде да одиме во Дотаим." И отиде Јосиф по браката свои, и ги најде во Дотаим. |
18. | А тие го видоа оддалеку; и, пред да им се приближи, почнаа да се договараат за да го убијат. |
19. | И си рекоа поме у себе: "Ене оној што сонува, иде. |
20. | Ајде сега да го убиеме и да го фрлиме во некоја од овие јами, па ке речеме - лута sверка го изеде. Тогаш ке видиме што ке стане од неговите соништа." |
21. | Но, кога го чу тоа Рувим, се обиде да го спаси од рацете нивни, па рече: "Да не го убиваме!" |
22. | И уште им рече Рувим: "Крв да не пролеваме; фрлете го во една од овите јами во пустињата, но не кревајте рака на него." А тој сакаше да го спаси од рацете нивни и да го одведе кај татка му. |
23. | И кога Јосиф дојде кај браката свои, тие му ја соблекоа облеката шарена, што ја имаше на себе. |
24. | И го фарија, па го фрлија во една јама; а јамата беше празна; немаше вода во неа. |
25. | Потоа седнаа да јадат леб. И кревајки ги очите, видоа Исмаилци како доа аат од Галад со камилите свои, натоварени со миризливи растенија, балсам и смирна; го пренесуваа тоа во Египет. |
26. | Им рече Јуда на браката свои: "Каква полза ке имаме, ако го убиеме братот наш и ја сокриеме крвта негова? |
27. | Ајде да им го продадеме на овие Исмаилци, па да не клаваме рака на него, зашто брат ни е, наша крв е." И го послушаа браката негови. |
28. | Па кога трговците Мадијамски минуваа покрај нив, тие го извадија Јосифа од јамата и им го продадоа на Исмаилците за дваесет златници; а овие го одведоа Јосифа во Египет. |
29. | А кога се врати Рувим кај јамата, Јосифа го немаше во јамата. Тогаш тој ја раскина облеката своја. |
30. | И отиде кај браката свои и рече: "Го нема момчето: а сега, каде да се денам јас?" |
31. | Тогаш ја зедоа облеката Јосифова, и заклаа јаре, па ја натопија облеката со крв. |
32. | И ја испратија шарената облека да се однесе на нивниот татко и да се рече: "Ја најдовме оваа облека, па види дали е тоа облеката на синот твој, или не?" |
33. | А тој ја позна и рече: "Облеката е на мојот син, sверка лута го изела; Јосиф е, навистина, растргнат." |
34. | И ја раскина Јаков облеката своја, па се препаша со покајнички кострет околу себе; и тагуваше по синот свој многу дни. |
35. | И се собраа сите синови негови и керки негови да го тешат; но тој не можеше да се утеши, туку велеше: "Со тага во адот ке појдам по синот мој." Така го оплакуваше таткото негов. |
36. | А Мадијамците го продадоа Јосифа во Египет на Петефри, дворјанин на Фараонот, заповедник на стражата. |
← Genesis (37/50) → |