← Genesis (36/50) → |
1. | А ова е родословот на Исава, кој се вика и Едом |
2. | Исав се ожени со керките ханански: Ада, керка на Елома Хетеецот, и Оливема, керката на Ананиј, синот на Севегона Евеецот. |
3. | И со Васемата, керката Исмаилова, сестрата на Навајот. |
4. | Ада му го роди на Исава Алифаса, а Васемата го роди Рагуила. |
5. | Оливема, пак го роди Јеуса, Јеглома и Кореја. Тоа се синовите Исавови, кои му се родија во земјата Хананска. |
6. | И Исав ги зеде жените свои, и синовите свои, и керките свои и сите домашни свои, и стадата свои, и сиот добиток свој, и сето богатство свое, и се што го беше добил во земјата Хананска, па отиде Исав од земјата Хананска во друга земја, далеку од Јакова, братот свој. |
7. | Оти, богатствата им беа многу големи, па не можеа да живеат заедно; ниту земјата, во која беа придојдени, можеше да ги прибере, поради многуте стада. |
8. | И се насели Исав, наречен Едом, на гората Сеир. |
9. | Ете, тоа е племето Исавово, татко на Едомците на гората Сеир. |
10. | Еве ги имињата на синовите Исавови: Елифас, син на Ада, жена Исавова, и Рагуил, син на Васемата, жена Исавова. |
11. | А Елифасови синови беа: Теман, Омар, Софар, Готом и Кенез. |
12. | Тамна беше наложница на Елифас, синот Исавов, и му го роди на Елифаса Амалик. Тоа се синовите на Ада, жената Исавова. |
13. | А ова се синовите Рагуилови: Нахот, Заре, Соме и Мозе. Тоа беа синовите на Васемата, жената Исавова. |
14. | Синовите, пак, на Оливема, керката на Ананија, жената Исавова: синот Севегонов; таа му ги роди на Исава Јеуса, Јеглома и Кореја. |
15. | А ова се старешините Исавови: синовите на Елифас, првенецот Исавов: старешината Теман, старешината Омар, старешината Софар, старешината Кенез, |
16. | старешината Кореј, старешината Готом, старешината Амалик. Тоа се старешините од Елифас во земјата Едомска, кои се синови Адини. |
17. | Ова се, пак, потомците на Рагуила, синот Исавов: старешината Нахот, старешината Заре, старешината Соме, и старешината Мозе. Тоа се старешините од Рагуила во земјата Едомска; тие се синови на Васемата, жената Исавова. |
18. | А потомци на Оливема, жената Исавова: старешината Јеус, старешината Јеглом, старешината Кореј. Тоа се старешините од Оливема, керката на Ананиј, жена Исавова. |
19. | Тоа беа синовите Исавови, и старешините нивни, кои се синови Едомови. |
20. | Еве ги синовите на Хореецот Сеир, кои живееја во онаа земја: Лотан, Совал, Севегон и Ана. |
21. | Дисон, Асар и Рисон. Тие се старешини на Хореовиот син Сеир во земјата Едомска. |
22. | А синови Лотанови беа: Хориј и Еман; сестра, пак, Лотанова беше Тамна. |
23. | Ова се, пак, синовите Совалови: Голам, Манахат, Говил, Софар, и Омар. |
24. | Синови на Севегон беа: Аиј и Ана. Тој е оној Ана, кој ги пронајде топлите извори во пустињата, кога ги пасеше ослите на Севегон, таткото свој. |
25. | Деца, пак, Ананиеви се: Дисон и Оливема, керката на Ана. |
26. | А ова се синовите Дисонови: Амад, Асван, Итран и Харан. |
27. | Асванови синови беа: Валам, Зеван и Акан. |
28. | Синови, пак, на Рисона беа: Уз и Аран. |
29. | Еве ги старешините на Хорејците: старешината Лотан, старешината Совал, старешината Севегон, старешината Ана, |
30. | старешината Дисон, старешината Асар, старешината Рисан. Тоа се старешините на Хорејците, според старешинствата во земјата Сеир. |
31. | А ова се царевите, кои царуваа во Едом, пред да стануваат цареви синовите Израилеви: |
32. | во Едом царуваше Валак, синот Веоров, а градот се викаше Денава. |
33. | А кога умре Валак, по него се зацари Јовав, синот Зарин од Восор. |
34. | По смртта на Јовав, се зацари Асом од земјата Теманска. |
35. | А кога умре Асом, на негово место се зацари Адад, синот Варадов, кој ги порази Мадијамците во полето Моавско, а градот се викаше Гетен. |
36. | Умре и Адад, а на негово место се зацари Самада од Масекас. |
37. | По смртта на Самада се зацари Саул од Ровот, кој се нао а крај река. |
38. | А кога умре Саул, на негово место се зацари Валенон, синот Аховоров. |
39. | Умре и Валенон, синот на Аховор, а на негово место се зацари Адар, синот Варадов, а градот му се викаше Фогор. Името на жената негова и беше Метевеил, керка на Матраида, син Мезевев. |
40. | Еве ги имињата на старешините Исавови, според племињата нивни, по народите нивни, по местата нивни: старешината Тамна, старешината Гола, старешината Јетер, |
41. | старешината Оливема, старешината Ила, старешината Финон, |
42. | старешината Кенез, старешината Теман, старешината Мазар, |
43. | старешината Магедил, старешината Зафој. Тоа се Едомски старешини според населбите во нивната земја. Исав им беше татко на Едомците. |
← Genesis (36/50) → |