← Genesis (34/50) → |
1. | Дина, керката на Лија, која му ја роди на Јакова, излезе за да ги види девојките во тој крај. |
2. | Но ја виде Сихем, синот на Емореецот, кнез на таа земја, ја зеде и спа со неа, и ја осрамоти. |
3. | И му се припи срцето негово за Дина, керката на Јакова, и тој ја засака девојката, и гледаше да ја придобие. |
4. | И му рече Сихем на Емора, таткото свој, велејки: "Ожени ме со онаа девојка!" |
5. | А Јаков чу дека синот Еморов ја осрамотил Дина, керката негова; но, бидејки синовите негови беа в поле со добитокот негов, Јаков замолча додека не дојдат тие. |
6. | Тогаш Емор, таткото Сихемов, отиде кај Јакова да поразговара со него. |
7. | А кога дојдоа синовите на Јакова од полето и слушнаа што станало, силно се нажалостија и огорчија многу, зашто тој му нанел срам на Израилот, преспивајки со керката на Јакова, што не требаше да го направи. |
8. | А Емор им рече, велејки: "Синот мој Сихем од срце ја засака вашата керка. Дајте му ја за жена! |
9. | И посватете се со нас; керките ваши мажете ги за нас и со керките наши женете се. |
10. | Па живејте со нас, и земјата е пред вас; населувајте ја, движете се слободно и создавајте свои имоти." |
11. | А Сихем му рече на таткото на девојката и на браката нејзини: "Само да најдам милост пред очите ваши, и ке ви дадам се што ке ми кажете. |
12. | Побарајте најголем откуп и дарови: јас ке ви дадам се, што и да ми кажете; само дајте ми ја момата за жена." |
13. | А синовите на Јакова му одговорија на Сихема, и на таткото негов, неискрено. А така одговорија, бидејки беше ја осрамотил Дина, сестрата нивна. |
14. | И им рекоа: "Не можеме тоа да го направиме, да ја дадеме сестрата наша за човек необразан, зашто тоа е срамно за нас. |
15. | Но ке се согласиме со вас и ке се населиме кај вас, само ако сакате да се изедначите со нас и да ги обрежете сите ваши машки. |
16. | Тогаш ке ги мажиме нашите керки за вас и ке се жениме со вашите керки, ке се населиме кај вас и ке станеме еден народ. |
17. | А ако не не послушате да се обрежете, ние ке ја земеме нашата керка и ке си отидеме." |
18. | И по воља им беа зборовите нивни на Емора и на Сихема, неговиот син. |
19. | И момчето, не двоумејки се, го направи тоа веднаш, бидејки многу ја засака керката на Јакова. А тој беше најпочитуван ме у своите во домот на неговиот татко. |
20. | И застана Емор и син му Сихем пред портите од нивниот град, и им рекоа на жителите од својот град, велејки: |
21. | "Овие лу е се мирни, сакаат да се населат во оваа зења и слободно да се движат по неа; а еве - земја има и за нив. Па нека ги земаме нивните керки за жени, а и нашите да им го даваме ним. |
22. | Но се согласуваат со нас така да живеат и да станеме еден народ, само ако сите машки ме у нас се обрежат, како што се тие обрезани. |
23. | Нивните стада и нивниот имот и сиот нивни добиток нема ли да бидат и наши? Само да се согласиме со нив, и тие ке останат со нас." |
24. | И сите што излегуваа од портите на градот нивни го послушаа Емора и Сихема, синот негов; и се обрезаа сите машки. |
25. | А на третиот ден, додека тие уште беа во болки, двајцата синови Јаковови, Симеон и Левиј, браката на Дина, го зедоа секој својот меч и слободно влегоа во градот и ги изубија сите машки. |
26. | Го погубија и Емора, и синот негов Сихем, со остар меч, и, откако ја зедоа Дина од домот на Сихема, си отидоа. |
27. | Тогаш дојдоа синовите на Јакова кај убиените, и го ограбија градот, зашто во него беше осрамотена сестрата нивна. |
28. | И ги зедоа овците нивни, и добитокот нивни, и ослите нивни, се што беше во градот и се што имаше во полето. |
29. | И сето богатство нивно, и децата и жените нивни ги пленија, и ограбија се, што имаше во градот и во куките. |
30. | Тогаш Јаков им рече на Симеона и на Левиј: "Ме смутивте и ме омразивте кај народот од оваа земја, кај Хананејците и Ферезејците. Јас имам малку лу е; тие ке се соберат против мене, ке ме убијат, та ке бидам истребен јас и домот мој." |
31. | А тие рекоа: "Зар со сестрата наша да постапуваат како со блудница?" |
← Genesis (34/50) → |